Додека метеоролозите на Балканот најавуваат уште студени денови, мала утеха можете да најдете во... Сибир. Во руската република Туви за тамошните сточари кои главно живеат во шатори, и минус 30 е „нормална температура“
Реклама
Студениот бран кој деновиве ги зафати Балканот и Македонија го вклучи алармот во многу градови. Проблеми со сообраќајот, неисчистени улици, затворени училишта. Властите се жалат од снегот и поларните температури, граѓаните се лутат на властите и на нивната несмасност. Во некои региони во светот, сѐ е далеку поедноставно. Во Сибир, на пример, каде „нормалниот живот“ се одвива на температури од минус 30 под нулата. Во руската република Тува локалните жители немаат кому да се пожалат, а за волја на вистината, немаат ни зошто. Еве како се живее таму:
Како да се преживее во Сибир
Додека метеоролозите на Балканот најавуваат уште студени денови, мала утеха можете да најдете во... Сибир. Во руската република Туви за тамошните сточари кои главно живеат во шатори, и минус 30 е „нормална температура“
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
На пасење - во снег
Сточарите редовно ги изведуваат своите овци и кози на пасиштата, иако прашање е што можат животните да најдат во големиот снег? Но, тоа е секојдневие во Кара-Чири на западот на руската федерална република Тува, на самата граница со Монголија.
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
Заедно е потопло
Танзурун Дарисју има фарма на овци на Кара-Чири. Во нејзиниот живот владее чудна пропорционалност. Како нејзе, така ќе им биде и на нејзините животни - и обратно.
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
Конечно надвор од оградата
Дарисју има преку стотина животни. Температурата на отворено знае да биде и триесет степени во минус, но за животните нема покрив над глава.
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
Подготвени за студот
Животните се навикнале на немилосрдното опкружување, меѓу другото и благодарение на извонредно квалитетната волна. Тешко е да се каже дали и ним им е студено, но тоа не е најстудениот регион: понатаму на истокот на Сибир живата се спушта и до минус 70 степени и тамошните места важат за најстудени населени места во целиот свет.
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
Среде ништо
Регионот околу фармата на Танзурун Дарисју тешко може да се опише како разновиден: насекаде околу неа е само снег. Во целиот ридски предел кој се простира на 6.600 квадратни километри живеат едвај 8.000 жители.
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
Свечен ручек во шатор
Танзурун Дарисју и нејзините соседи се собираат во нејзината јурта, традиционален шатор на монголските номади - „јурт“ на турски значи дом. Иако изградена со дрвени штици и прекриена со ткаенини и кожа, многумина ќе се изненадат колку е јуртата пространа и комфорна. Особено откако печките имаат и оџаци - тоа е нов „изум“ во овие предели.
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
Поинаква мобилност
Номадите имаат и моторни возила, но далеку најдобро превозно средство се санките влечени од двогрба азиска камила. Тоа е извонредно загрозен вид, но ретко кој друг вид е така добро прилагоден: не ѝ пречи ни кога е 30 степени во плус, ниту 30 степени во минус.
Фотографија: Reuters/I. Naymushin
На крајот на светот
Иако во овие студени денови се чини дека мразот и снегот нема никогаш да исчезнат, веќе во април во Кара-Чири температурата би требало да биде над нулата, а среде лето просекот е 38 степени - во плус!