Основачот на Плејбој и холивудска ѕвезда, Хју Хефнер почина во 91 година од животот. Без оглед дали го сакате или мразите, факт е дека тој го промени светот на издаваштвото- и начинот на кој го гледаме човекото тело.
Реклама
Првото издание на Плејбој во 1953 година излезе со скромна стара фотографија на Мерилин Монро, со што беа прикриени голите снимки внатре. Револуционерен за тоа време, магазинот постојано ги уриваше границите и беше заслужен за сексуалната револуција во САД во 1960. години.
Иако можеби звучи како шега кога ќе кажете дека читате Плејбој поради текстовите во него, магазинот сепак ја изгради својата репутација благодарение и на одличните приказни. Меѓу авторите на текстовите беа и Хантер С. Томпсон и Труман Капоти.
Светски познатите „дуплерици“ на кои се наоѓаа безимени манекенки и славни личности кои се надеваа на зголемен публицитет, често се наоѓаа рамо до рамо со „тешки“ интервјуа, вклучително и она на историчарот Алекс Хејли со Мартин Лутер Кинг, а подоцна и со Малколм Икс во екот на американското движење за граѓански права.
Цели 62 години, сепак, продажбата на Плејбој се вртеше околу фотографиите на голи жени. Иако Хју Хефнер си креираше специфичен лајфстајл за себеси, живеејќи со младите жени кои позираа за магазинот, сепак фотографи како Ани Лебовиц и Хелмут Љутон често сликаа за публикацијата.
Како Хју Хефнер го смени светот на магазините
Основачот на Плејбој и холивудска ѕвезда, Хју Хефнер почина во 91 година од животот. Без оглед дали го сакате или мразите, факт е дека тој го промени светот на издаваштвото- и начинот на кој го гледаме човекото тело.
Фотографија: Getty Images/J. Kempin
Сѐ започна со Мерилин Монро
Првото издание на Плејбој во 1953 година излезе со скромна стара фотографија на Мерилин Монро, со што беа прикриени голите снимки внатре. Револуционерен за тоа време, магазинот постојано ги уриваше границите и беше заслужен за сексуалната револуција во САД во 1960. години.
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. West
Ново новинарство
Иако можеби звучи како шега кога ќе кажете дека читате Плејбој поради текстовите во него, магазинот сепак ја изгради својата репутација благодарение и на одличните приказни. Меѓу авторите на текстовите беа и Хантер С. Томпсон (на фотографијата) и Труман Капоти.
Фотографија: picture alliance/Photoshot
Политички „Плејбој“
Светски познатите „дуплерици“ на кои се наоѓаа безимени манекенки и славни личности кои се надеваа на зголемен публицитет, често се наоѓаа рамо до рамо со „тешки“ интервјуа, вклучително и она на историчарот Алекс Хејли со Мартин Лутер Кинг, а подоцна и со Малколм Икс во екот на американското движење за граѓански права.
Фотографија: AP
Клуб на селектирани автори
Откако на сјајните страници на магазинот се појавија текстови на автори како Маргарет Атвуд или Харуки Мураками, Плејбој стана магазин во кој сакаше да влезе секој писател. Чак Палањиук- најпознат по дистописката новела „Фајт Клаб“- подоцна адаптирана во филм со Бред Бит- исто така беше еден од оние кои даваа придонес.
Цели 62 години, сепак, продажбата на Плејбој се вртеше околу фотографиите на голи жени. Иако Хју Хефнер си креираше специфичен лајфстајл за себеси, живеејќи со младите жени кои позираа за магазинот, сепак фотографи како Ани Лебовиц и Хелмут Љутон (негова фотографија) често сликаа за публикацијата.
Фотографија: picture-alliance/schroewig
Влијателни уметници
Насловните страници на Плејбој често беа изработувани од влијателни модерни уметници, меѓу нив Кит Харинг и Дејвид Лашапел. Салвадор Дали (на фотографијата) изработи надреалистичка насловна страница за магазинот во 1973 година.
Фотографија: Getty Images/Hulton Archive
Машка голотија
Магазинот постојано беше мета на критики поради односот кон жените. Еден од одговорите на тие критики беше стартувањето на „Плејгрл“ во 1973 година. Магазинот повторно направи револуција откако почна да прикажува голи машки тела и ја започна новата ера на еротска голотија персонифицирана во „Чипендејлс“ и филмот „Магичниот Мајк“.
Од октомвриското издание во 2015 година, магазинот престана да објавува целосна голотија. Сопствениците одлучија да влезат во конкуренција со публикации од тимот на „Венити Фер“ и да ја прекинат интернет порнографијата. Во истиот период, Хефнер го стави на продажба својот замок вреден 200 милиони долари, иако продолжи да живее во него.
Фотографија: Getty Images for Playboy/J. Kempin
Зајачките уши
Деновиве, логото со зајчето, на Плејбој му носи повеќе пари од самиот магазин и интернет-страницата. Логото кое некогаш беше асоцијација за свингерски клубови, денес си наоѓа место насекаде: од маички, преку телефони до компјутери.