1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Камион со мигранти се превртил во Мексико– преку 50 загинати

ЖА / агенции
10 декември 2021

Во сообраќајна несреќа во јужниот дел од Мексико, според локалните власти, загинале најмалку 54 мигранти при превртување на камион во кој биле пренесувани.

Mexiko Chiapas | Verkehrsunfall mit Migranten
Фотографија: El La Mira/REUTERS

Според извештаи на очевидци, возачот на товарен камион во кој се наоѓале преку 100 луѓе, поради преголема брзина ја изгубил контролата врз возилото во една кривина. Во несреќата загинале најмалку 54, а се повредени десетици лица.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изрази длабоко жалење за трагедијата во сојузната држава Чиапас со мигранти по потекло од централна Америка.

„Ги прегрнувам семејствата на жртвите“, напиша тој на Твитер.

Директорот на Службата за заштита од катастрофи Луис Мануел Гарсија соопшти дека според наводите на преживеаните, најголем дел од настраданите мигранти потекнувале од  Гватемала.  Властите ќе се погрижат за разјаснување на несреќата, како и за идентификација и погреб на загинатите, вети Гарсија. Гватемалскиот претседател Алехандро Џаматеи  вети целосна конзуларна помош за засегнатите, вклучувајќи организирање нивно враќање.

Несреќата се случи на неколку часа возење од границата со Гватемала, најголемата порта за миграти од централна Америка на нивниот пат кон САД. Транспорт во товарни камиони е вообичаена метода на шверцерите со луѓе за мигрантите без документи да ги пренесат во  САД.  Други мигранти се здружуваат во помали или поголеми каравани, поминувајќи го пеш најголемиот дел од рутата, при што се изложени на екстремни временски прилики во многу делови од  Мексико, како и на напади од организирани криминалци.

Никој не смее да умре од жед

02:17

This browser does not support the video element.

„Потребни се миграциски алтернативи и легални патишта, за да се спречат вакви трагедии“, истакна мексиканската филијала на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Бранот луѓе, кои најчесто бегаат поради сиромаштија, корупција и насилство во своите татковини, во изминатите месеци двојно порасна. Многумина се надеваа дека демократскиот американски претседател Џо Бајден ќе води поотворена доселеничка политика отколку неговиот републикански претходник  Доналд Трамп.  Но, и администрацијата на Бајден е решителна во намерата со пакет мерки да ја запре миграцијата од централна Америка кон САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми