1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кампот Идомени речиси испразнет

СН/дв/ртр/дпа26 мај 2016

Привремениот бегалски камп кај Идомени на македонско-грчката граница наскоро ќе биде целосно евакуиран, јавуваат грчките медиуми.

Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Според нивните податоци, денеска во кампот се наоѓаат уште околу 1000 бегалци. И тие наскоро треба да бидат превезени во организираните прифатни центри во внатрешноста на Грција, јави грчката државна телевизија ЕРТ. Околу 3000 бегалци и мигранти, според наводи на грчките власти во вторникот и во средата биле префрлени во други кампови.

Погледнете го вебвидеото на оваа тема:

Речиси празен кампот кај Идомени

00:55

This browser does not support the video element.

Пред почетокот на дислокацијата на Идомени, меѓутоа грчките власти проценуваа дека бројот на мигранти и бегалци во Идомени изнесува околу 8000. Се претпоставува дека дел од мигрантите се сокриле во областите во северна Грција сѐ до Солун, со цел повторно да се обидат да ја преминат границата кон Македонија. Друг дел пак на своја рака заминал во камповите во јужна Грција, кај свои роднини, јавуваат грчките медиуми.

Фотографија: Reuters/Y. Kolesidis

Како што најавуваат медиумите во Македонија викендов треба да биде повторно воспоставен и железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција, кој беше во прекин околу два месеца, поради блокадите од страна на бегалците

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми