1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Првата берба на германски канабис

Николас Мартин
24 јули 2021

За првпат едно претпријатие во Германија спроведе берба на канабис. Во наредните години, тони канабис за медицинска намена, треба да се одгледуваат во земјата- но сомнежите остануваат.

Deutschland | Aphria Plantage für Cannabis-Heilpflanzen
Плантажата на канабис на компанијата Африа во НојминстерФотографија: Christian Charisius/dpa/picture alliance

Вработените на плантажата за канабис во германскиот град Нојминстер се пионери. Тие ја имаа првата легална берба на канабис во историјата на државата. Канадската фирма Африа РХ на својата добро чувана плантажа зад ѕидови од армиран бетон одгледа и собра околу 50 килограми „трева“. Безбедносните мерки се многу ригорозни, бидејќи канабисот во Германија спаѓа под надлежност на Законот за опојни средства.

Од Нојминстер, во покраината Шлезвиг-Холшајн на северот на Германија, оваа стока ќе тргне на пат кон аптеките во целата држава, а потоа и до крајните корисници кои канабисот го користат од медицински причини. На пример, поради силни болки или недостаток на апетит. Во идните 12 месеци Африа на пазарот сака да испорача еден тон канабис, потврди канадската фирма во писмен одговор на прашањето на ДВ.

Од 2017 година лекарите во Германија на своите пациенти смеат да им препишат канабис во медицински цели. За да се задоволи потребата на пазарот, германскиот Државен институт за лекови и медицински производи овласти три фирми за производство на канабис: Африа, германскиот старт-ап Демекан и уште една канадска фирма- Аурора. Но, изгледа дека Африа е во значителна предност над конкуренцијата. На прашањето на ДВ, останатите две фирми дадоа неодредени одговори за почетокот на дистирибуцијата. Аурора Канабис тврди дека компанијата во моментов е забавена поради увозот на билки од Канада, и додава оти „проценка за моментот на првата испорака поради тоа не е можна“. Од Демекан велат дека во третиот квартал годинива се планира финализирање на фармата за одгледување канабис и „потоа што е можно побрзо и првата берба“.

Бум на производството на медицинска марихуана

03:13

This browser does not support the video element.

Проблеми и компликации

Всушност сите три фирми првите количества канабис требаше да ги испорачаат на крајот на 2020 година. Но, поради проблеми со дистрибуцијата до која дојде поради пандемијата на коронавирусот тие мораа да ги коригираат плановите. Барбата на првите 50 килограми на фирмата Африа поради тоа е само „симболична“, вели стручњакот за канбис Алфредо Паскал за ДВ. „Што се однесува до одгледувањето во Германија, видовме оти има одложувања, ние воопшто не можеме со сигурност да кажеме колку канабис ќе биде набран во идниот период и колку ќе биде испорачан“, вели Паскал. Во инвестициската компанија Сид иновејшанс тој го анализира токму пазарот за канабис. Паскал додава дека сега сѐ зависи од тоа колкаво количество производитетлите навистина ќе можат да испорачаат.

Повеќе:

-Новите патишта на канабисот

-Производството на канабис - издуван балон?

-Стопирано одгледувањето на канабис во Германија

Освен овие три компании кои се овластени за производство на канабис, и државата сноси дел од одговорноста за застојот околу почетокот на одгледување канабис во Германија. Тендерот во април 2020 година на кои победија компаниите Африа, Аурора и Демекан мораше да биде повторен поради формални грешки во процедурата. Тоа ги разлути како понудувачите, така и поголемиот број пациенти.

Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

08:01

This browser does not support the video element.

Побарувачката и натаму расте

„Самиот факт дека и кај нас се одвива берба е добар знак. Тоа ќе доведе и до тоа лекарите повеќе да се позанимаваат со оваа тема“, вели Јирген Нојмајер од здружението Канабис во интервју за ДВ. Канабисот во медицината е додуша сѐ уште спореден пазарен производ, но побарувачката континуирано растеше откако беше легализирана употребата за медицински цели. Здравството не нуди прецизни податоци за количествата, но бројот на дози кои аптеките го даваат на пациентите е во константен пораст. Според некои други проценки во Германија постојат и до 90.000 луѓе кои користат канабис во медицински цели.

Од 2017 година, на пазарот во неколку наврати имаше недостиг на канабис. „Не знам како домашното производство воопшто може да спречи недостиг во снабдувањето“, ни вели Нојмејер. Но, тој претпоставува дека потребата за увоз на канабис ќе се зголеми. И бројките го потврдуваат тоа. Во 2020 година, во Германија биле увезени околу десет тони канабис. Тоа е околу една третина повеќе од претходната 2019. Трите компании на кои државата им дозволи да одгледуваат канабис врз основа на тендер добија дозвола да берат 2,6 тони годишно. Но, државата може, под одредени услови, да ги овласти да произведат дополнителни 50% од тоа количество.

Фотографија: Christian Charisius/dpa/picture alliance

Придвижувања на пазарот на канабис

Кога компаниите еден ден навистина ќе можат да ја испорачаат договорената  реколта, тоа ќе има влијание и на пазарот. Бидејќи државата е нарачетел, таа ја одредува и дистрибутивната за аптеките. А таа во моментов изнесува 4,3 евра за грам. Тоа е околу половина од актуелната вообичаена продажна цена. Штефан Крамер, раководител на увозникот на канабис Хејдеј, претпоставува дека ова може да создаде притисок врз цените на пазарот, но нема драматично да влијае на нивното ниво.

И аналитичарот Пасквал  гледа можни промени на цената: „Ако една четвртина од пазарот се снабдува од германско производство, тогаш тоа е релевантен фактор“. Ценовниот притисок произлегува и од фактот дека сѐ повеќе компании увезуваат канабис во Германија.

Канабисот произведен во странство е едноставно поевтин, вели Крамер. Затоа тој и неговата компанија Хејдеј се потпираа на медицинскиот канабис од Португалија. И не се осамени: повеќе сонце за растенијата на канабис, пониски трошоци за работна сила и пониски безбедносни стандарди- се причините и други компании да се завртат кон увозот.

Фотографија: Christian Charisius/dpa/picture alliance

„Сè додека канабисот во Германија смее да се одгледува само во бункери, ќе има земји во кои е многу поевтино“, вели Пасквал. Логично е дел од синџирот на снабдување да се наоѓа во Германија, но земјата треба да се концентрира повеќе на производството на екстракти од канабис, вели Пасквал, чиј работодавач инвестира во екстракти „Мејд ин Џермани“.

Конечно, од пазарната конкуренција, полза во прв ред имаат пациентите. Терапијата во Германија може да чини меѓу 200 и 2200 евра месечно. Но, во скоро 40 проценти од случаите, барањата за надомест на трошоците за терапија со канабис, здравствените каси ги отфрлаат. Е, токму на овие луѓе, може да им се исплати, падот на цените на конкурентниот пазар на канабис.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми