1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кандидатскиот статус на Србија се’ понеизвесен

20 ноември 2011

Во Брисел треба да се одржи нова средба на претставниците на Белград и Приштина. Аналитичарите предупредуваат дека само продолжување на преговорите не е доволно за кандидатски статус на Србија на претстојниот ЕУ-самит.

Serbien Beitritt EU Karte
Фотографија: Marina Maksimovic

Продолжувањето на преговорите меѓу Белград и Приштина (според најавите в понеделник, на 21. ноември) е неопходен, но не и доволен услов Србија да добие статус на кандидат во ЕУ. Имено, ако не се укине блокадата на северот на Косово и не почне да се применува договорот, кандидатурата ќе зависи само од добрата волја на европските партнери, оценува аналитичарот Дејан Вук Станковиќ.

„Би било многу полесно, ако биде постигнат и применет договор за премините, ако бидат повлечени барикадите и ако ставовите кои ги договорија Белград и Приштина добиеја некој вид политичка поддршка во Србија. Вака, европската интеграција на Србија стои пред големо искушение, всушност, само од некој вид добра волја на европските партнери зависи дали ќе добиеме статус или не“, изјави Станковиќ за агенцијата Бета.

Германија важен играч во српската ЕУ-интеграција

Тој дополни дека особено е важен ставот на Германија и ако оваа земја биде „подготвена да го цени тоа што се води дијалог без некакви опипливи резултати“, тогаш Србија ќе добие статус на кандидат. „Меѓутоа, ако инисистраат на она што како порака го донесе канцеларката Ангела Меркел и што го кажа германскиот амбасадор во Белград, Волфрам Мас, дека статусот на кандидат не е вид подарок, туку нешто што треба да се заслужи, тогаш ми се чини дека шансите се прилично намалени, сведени на симболична поддршка за актуелната евро-реформска влада во Белград“, смета Станковиќ.

Ангела Меркел и Борис Тадиќ (архива)Фотографија: picture-alliance/dpa

Укажувајќи дека „ситуацијата е повеќе неповолна отколку поволна“ тој наведува дека „преговорите сами по себе не се цел“, туку решавањето на отворените и тешки прашања кои се однесуваат на секојдневниот живот на луѓето во Србија и на Косово.

Преговорите суштински и натаму се замрзнати

Професорот на факултетот за политички науки и поранешен амбасадор на Србија во Париз, Предраг Симиќ, наведува дека преговорите формално ќе бидат продолжени,„меѓутоа суштински и понатаму ќе останат замрзнати, барем додека не се реши прашањето на односот на Србите на северот на Косово, како и на парламентот и на владата во Белград во однос на преговарачите и самите преговори.“

„Мислам дека тука лежи најголемата опасност, Советот на ЕУ да заклучи дека иако преговорите формално се продолжени, во овој момент не водат кон конкретен резултат“, вели Симиќ.

Борислав Стефановиќ на Косово (архива)Фотографија: picture alliance/dpa

Тој дополнува дека се мали шансите преговорите да донесат некаков резултат „бидејќи белградскиот преговарач заминува во Брисел без формална согласност на владата и на парламентот, а притоа и досега договорените резултати се оспорени и на северот на Косово и во институциите на Србија.“

Шефот на тимот на Владата на Србија за преговорите со Приштина, Борислав Стефановиќ, во четвртокот минатата недела, по разговрите со претставници на Србите од северот на Косово, изјави дека преговорите ќе бидат продплжени в понеделник на 21 ноември. Тој најави дека теми на средбата се универзитетските дипломи и регионалното претставување на Приштина, но и дека е извсно дека ќе се разговаарат и за административните премини.

Автор: АТ/ бета

Редактор: Е.М. Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми