1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Канцеларката Меркел има „брачни“ кочници

Михаела Кифнер
12 септември 2019

Владината реалност на Меркел не е во согласност со претензиите што ги има Германија. Канцеларката не може да ги оствари своите надворешнополитички цели со оваа владина коалиција, смета Михаела Кифнер.

Bundestag - Generaldebatte | Angela Merkel
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Половината од получасовното излагање во Бундестагот при дебатата за германскиот буџет германската канцеларка Ангела Меркел го посвети на светските теми, издигајќи се во манир на глобален политички тигар, за потоа, кочена од вжештените гуми на германската реалност, да се трансформира во мачка паѓајќи на тлото на германските факти.

Што уште може да исполни оваа коалиција?

Кога Меркел, во улога на „лидер на слободниот свет“, кај крупните прашања како трансатлантските односи и германската одговорност за милитаризмот, се обидува да ги наслика „очекувањата од нас“, и самата знае: оваа владина, во перманентна криза, коалиција со СПД, тешко може нешто од тоа да реализира. На пример, целта на НАТО - одделување два процента од брутодомашниот производ на земјата за одбранбени цели, останува иритирачка црвена крпа за социјалдемократите, без оглед на тоа колку темата ги обременува односите со владата на  американскиот претседател Доналд Трамп.

Кога Меркел предупредува на поактивна улога на Европа во решавањето на конфликтите во светот, барајќи „покажување присутност“ во Сирија, СПД контрира со своите принципи. Имено, токму во Сирија, покрај борбата против терористичката организација Исламска држава, во тек е и голема коалициска драма: зад кулисите се води битка дали воопшто ќе биде продолжен мандатот на германските извиднички летови против ИД, кој истекува на крајот на октомври. „Покажување присутност“ изгледа сосем поинаку.

Михаела КифнерФотографија: DW/B. Geilert

Најавата на Меркел дека „Германија ќе даде свој прилог“, за од Либија да не настане втора Сирија, во овој контекст делува како луда храброст. Германија со години се плашеше да ги конфронтира ривализираните Франција и Италија со нивната борба на интереси во Либија. А сега, кога од ОН поддржуваната преодна влада тоне во тотален хаос, Меркел одеднаш смета дека е „наша задача“ токму да се спречат натамошни „посреднички војни“. Но, со социјалдемократите како коалиционен партнер е тешко замисливо какви конкретни дела би произлегле од овие зборови.

Заостанување на технолошко ниво

Меѓутоа, кога и самата констатира дека Германија технолошки веќе не оди во чекор со времето, канцеларката не може да се скрие зад СПД. „Мора да си го признаеме тоа“ ,изјави Меркел речиси засрамено, со поглед кон Кина.  За веднаш потоа да додаде дека клучни прашања за задржување на идната благосостојба во Германија се заштита на климата и дигитализацијата. Притоа, самата канцеларка, токму на почеток на своето владеење, пред 14 години ги иницираше овие теми. Резултатите изостанаа. „Во моментов не е во прашање немање пари“, во Германија во прв ред недостигаат планирачки капацитети, објасни канцеларката.

Значи, во земјата има пари во изобилство, а тоа што сепак малку нешто се случува, има други причини. А исто така нереализирани во преостанатите месеци на владејачката коалиција веројатно ќе останат и толку силно протежираните надворешнополитички амбиции на канцеларката Меркел.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми