1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија ќе каже дека не е време за меѓувладина конференција

24 септември 2020

Нова најава за потегот на Софија кон Скопје: „Ќе кажеме дека не е време да се закаже прва меѓувладина конференција“, изјави Каракачанов, нагласувајќи дека „зборува во име на владата“. 

Nord-Mazedonien Bulgarien Borissov zu Besuch bei Zaev in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година Бугарија многу јасно изјави дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, изјавил бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов за ТВ „Европа“. Како што пренесува новинската агенција Бгнес, тој додал дека поранешниот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, три години не сторил ништо за подобрување на билатералните односи.

„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси. Пред неколку дена, Драги Ѓоргиев (копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања) беше груб. Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“, изјавил Каракачанов.

Нема напредок, туку имитација

Според Каракачанов, ваквиот став на Бугарија бил резултат на непочитувањето на билатералниот Договор од страна на Северна Македонија. Поради тоа, лани во октомври бугарските власти ја усвоиле „рамковната позиција“ и го вклучиле светлото за да го потсетат Скопје дека нема никаков напредок, туку само имитација.

„Бугарската влада разви своја рамковна позиција, која беше одобрена од парламентот. Бугарската дипломатија се придржува до позицијата на владата и парламентот. Во оваа фаза, не гледам желба од страна на нашата дипломатија за заобиколување на овој документ. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, тогаш има предучилишна подготовка. Во моментов зборувам во име на владата“, потенцирал Каракачанов, изразувајќи убедување дека нема да има промена во позицијата на бугарскиот парламент кон соседната земја.

Повеќе:

Бугарите не се Македонци

Брунбауер: Бугарија провоцира глупав конфликт за целосно измислени проблеми

За Бугарија е акт на агресија самото постоење на Северна Македонија

Германско МНР: Историјата нека им остане на историчарите

Ѓоргиев: Негувањето на свој јазик и идентитет не е закана за европските вредности

Според бугарскиот вицепремиер, никој не сака да се воведат нови критериуми за Северна Македонија.

„Постои многу јасен критериум од самиот почеток на постоењето на ЕУ: секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори, и тука нема ништо ново“, изјавил тој.

Красимир Каракачанов: Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, тогаш има предучилишна подготовкаФотографија: BGNES

За „југоносталгичарите и фанариотите“

На оваа тема тој се осврна и пред два дена, по повод одбележувањето на бугарскиот Ден на независноста. Во обраќање на Фејсбук, и набројувајќи кои се најважните проблеми со кои се соочува бугарското општество, Каракачанов не ја изостави темата „Македонија“.

„Важните проблеми се сосема различни - дали ќе успееме да направиме вистинска промена на пензиите (...) дали ќе им дозволиме на југоносталгичарите во Скопје да ја направат Бугарија најомразената земја во младата македонска држава; дали ќе им дозволиме на фанариотите да менторираат и во однос на Црквата во Македонија“, напиша тој.

„Грубост“ е да се бара дијалог?

Каква е објективноста на Каракачанов во однос на оценките за некои од личностите кои ги спомнува? За илустрација, копретседавачот на заедничката македонско- бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, минатата недела во разговор за ДВ ја истакна потребата од соседско разбирање и дијалог за решавање на различните читања на историјата. „Несомнено е дека во поглед на разбирањето на историјата на регионот Македонија постојат повеќе погледи и толкувања, особено во државите на Балканот, така што не постои само една ‘историска вистина’. Но ,тоа не е причина да се настојува еден национален историски наратив, односно ‘историска вистина’ да се наметне врз друг. Ваквите спорови можат да се надминат само преку разбирање за погледите на соседите, без притоа тие погледи за минатото да предизвикуваат поделби и недоразбирања. Токму поради тоа, мултиперспективниот пристап во изучувањето на минатото претставува солидна основа за надминување на историско-политичките спорови. Постојат различни читања на историјата, но тие не мора да водат до конфликт, туку поскоро до дијалог што ќе овозможи да се надминат национализмите и злоупотребата на минатото, кои ги поткопуваат темелите на кои се заснова современа Европа“, изјави Ѓоргиев.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми