1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каракачанов: Вакцините се за сонародници

ДТЗ /ДВ
25 декември 2020

Имаме сонародници на кои треба да им помогнеме, вели бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов. „И Борисов се срами од неговите изјави“, одговори Шекеринска

Bulgarien Verteidigungsminister Krasimir Karakachanov
Фотографија: BGNES

Донацијата на вакцини против Ковид-19, која Бугарија ја најави за Северна Македонија, се најде во средиштето на најновите провокации коишто доаѓаат од Софија. Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов порача дека Бугарија има нејзини сонародници кои живеат во земјите надвор од ЕУ и ако сакаат, треба да имаат можност да се вакцинираат против Ковид-19. 
„Тука не станува збор за соседи, туку за сонародници. И не само во Македонија, туку и западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски заедници. На крајот на краиштата Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Тие можат и треба да се вакцинираат. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне, се разбира ако сакаат, тоа е доброволно“, вели Каракачанов во интервју за БНТ.  

-повеќе на темата: И Исус е Македонец - нова провокација од Бугарија

Тој обвинува дека С Македонија со фалсификувана историја ги учи младите на омраза кон Бугарите и дека Македонците имаат омраза кон сите други народи, освен кон Србите. „Тука од југословенско време населението се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци и Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Сè друго треба да биде мразено. Не може дете од прво одделение да го учат на омраза, дека Бугарите се фашисти, убијци, дека Цар Самоил бил Македонец…“, вели Каракачанов.
Претходно тој изјави дека Софија не ѝ ставила вето на Северна Македонија, туку дека само оставила простор преговорите да почнат кога земјата ќе се подобри. Медиумите ја пренесоа и неговата изјава во која вели дека „на крајот ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец“. „Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатор. Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе“, порачува Каракачанов.

Балканска изјава

На најновите провокации од Софија одговори министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Изјавата на Каракачанов е само балканска, во негативна смисла“, оцени таа коментирајќи го бугарскиот колега, којшто рече дека вакцините што ќе ги донира Бугарија во земјава не се за соседите, туку за нивните сонародници.

Изјавата на Каракачанов е само балканска, во негативна смислaФотографија: DW/P. Stojanovski

„Јас претпоставувам дека и неговиот премиер би се засрамил од оваа изјава. Оти таа не е изјава, ниту на сојузништво, ниту на пријателство. Навистина е изјава што е само балканска, ама во онаа негативната смисла. Она што станува јасно е дека многу луѓе сакаат да печалат политички поени кои не значат ништо“, вели таа. Според Шекеринска, имало луѓе во Бугарија кои печалеле и пари, како што можеше да се види од бугарските пасоши во Северна Македонија, ама во случајов станува збор за печалење политички поени. „Тоа сме го виделе и во минатото и обично не завршува сјајно. Ама ако на прашање на вакцина и на здравје некој се труди да печали вакви поени, тоа повеќе зборува за него, отколку за сите други“, додава Шекеринска за ТВ Клан Македонија.

-повеќе на темата: Вакцините пристигнуваат, кој прв ќе фати ред?

Бугарија пред неколку дена најави дека од секоја пратка на вакцините против Ковид-19, кои директно ги купила од производителите, дел ќе донира и за Северна Македонија. Тоа беше одлучено на владината седница во Софија, на која учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Тоа значи дека вакцините против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија.

-повеќе на темата: Бугарија со „чисто срце“ ќе донира дел од вакцините за Северна Македонија 

„Ова го правиме со чисто срце без никакви задкулисни намери, го правиме за нашите најблиски соседи. Се надевам дека следната година со Захарева и Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Северна Македонија во Европската Унија, како што ја поддржавме и за НАТО. Така што не се случи ништо страшно, прашање на политичка волја и од двете страну е да стигнеме дотаму“, порача тогаш бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми