Карантинот спречил 3 милиони смртни случаи од коронавирусот
БГ /АФП
8 јуни 2020
Ограничувањата на движењето во 11 европски земји преку карантин или полициски час спречиле смрт на над 3 милиони луѓе, се наведува во британска студија објавена денеска.
Реклама
Истражувањето на Кралскиот колеџ во Лондон, чии научници ја советуваат британската влада за коронавирусот, открива дека ограничувањата како што се наредбите да се остане дома успеале да ја стават под контрола епидемијата на Ковид-19. Користејќи ги податоците на Европскиот центар за контрола на болести за бројот на смртни случаи во 11 европски држави заклучно со 4 мај, тие го споредиле бројот на пријавени смртни случаи со бројката која била предвидена од моделите во случај да нема ограничувања. Тие проценуваат дека на тој начин биле спречени 3,1 милиони смртни случаи.
Научниците исто така пресметале дека ограничувањата го намалиле и репродукцискиот број- стапката на пренесување на вирусот од човек на човек- за 82 проценти и го свеле под 1,0.
„Нашите резултати покажуваат дека големите не-фармацевтски интервенции, а особено ограничувањата, имаа голем ефект врз ширењето на болеста“, велат авторите на студијата.
Научниците проценуваат дека кумулативно во тој период биле заразени меѓу 12 и 15 милиони луѓе во тие 11 земји, или меѓу 3,2 и 4 отсто од нивната популација. Бројките флуктуираат меѓу различните земји: Во Германија околу 0,85 од вкупното население било заразено од вирусот, додека во Белгија биле заразени 8 проценти, а во Шпанија 5,5 отсто.
Авторите велат дека е тешко да се процени каков бил ефектот на забраната за јавни собири и затворањето на училиштата, но откриле дека карантинските мерки во целина имале очигледен и значителен ефект и ја намалиле трансмисијата за 81 процент.
Земјите кои биле дел од студијата се Германија, Франција, Италија, Британија, Шпанија, Белгија, Австрија, Данска, Норвешка, Шведска и Швајцарија.
Во изолација поради коронавирус? Нема проблем
Со малку креативност можете да ја претворите изолацијата во инспирација. Еве неколку идеи како да го искористите времето во карантин, и да продолжите нормално да живеете дури и затворени во четири ѕида.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Schickert
Бидете креативни со конзервираната храна
Претворањето на конзервираната храна во нешто вкусно можеби бара малку магија, но сигурно не е невозможно. На пример, експериментирајте со лакса која ги прочистува синусите или пак измешајте конзерва туна со малку пченка и свеж ѓумбир за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images
Затворената вежбална не е изговор
Имате доволно начини да ја одржите добрата форма на вашето тело дури и ако не можете да ја посетите вашата вежбална. Загрејте го телото со фитнес вежби или јога со онлајн упатства, а доколку ви е многу здодевно искористете ги и конзервите со храна во вашиот магацин за да ги развиете вашите бицепси и трицепси.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-D. Gabbert
Време е за пролетно чистење
Искористете ја можноста, засукајте ги ракавите и употребете го вишокот енергија за да го светнете секое ќоше во домот. Ова може да биде најдобриот момент за расчитување на нередот. Можете дури и да ослободите место во плакарите и да зачистите во подрумот.
Целодневното гледање на ТВ серии е гарантиран начин за опуштање на умот и телото. Можеби мини-серијата „Чернобил“ и не е најдобриот избор доколку сте во мрачно расположение. Алтернативата би било нешто полесно, како „Пријатели“. Доколку секој ден потрошите 6 часа и 20 минути на оваа серија, ќе ги изгледате сите 236 епизоди за 14 дена.
Покрај сето слободно време можеби е добар момент да ја избришете прашината од некои постари игри и да се забавувате со оние со кои го споделувате карантинот. Доколку сте сами во изолација, повеќе класични игри денес имаат и онлајн верзии па можете да играте со пријателите преку интернет.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache
Научете нешто ново
Во денешно време можете да научите речиси се онлајн. Можеби секогаш сте сакале да научите некоја нова вештина или дури и јазик. Германски можеби? На интернет ќе најдете многу можности и за бесплатно изучување јазици, па со оглед на слободното време, нема никаков изговор зошто тоа да не го сторите.
Фотографија: Colourbox
Јавете и се на бабата
Вашите роднини секогаш се жалат дека ве гледаат само за празници. Сега е добар момент да им се јавите. Иако веројатноста дека ќе заглавите на телефон 1-2 часа е голема, сепак ќе ви се израдуваат. Притоа, ќе покажете грижа и за нив и за нивното здравје во оваа тешка ситуација, особено за постарите луѓе.
Фотографија: Heike Brauer/Fotolia
Планирајте го следниот одмор
Планирањето одмор е добар начин да избегате од вашата соба, макар и само во мислите. Исполнете го денот замислувајќи си како се релаксирате на Бали или уживате во чистиот планински воздух некаде на Алпите. Само не заборавајте да си купите и патничко осигурување бидејќи никогаш не се знае кога ќе дојде следната криза.