1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Карантински Рамазан за муслиманите ширум светот

БГ /АФП
24 мај 2020

Милиони муслимански верници во светот денеска го слават Рамазан Бајрам во исклучителни околности предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Најголемиот дел мораа да останат дома поради мерките за заштита.

Türkei Moschee Izmir
Затворена џамија во Измир, Турција поради коронавирусот.Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Fidan

Тродневниот празник вообичаено е период на посети, семејни собири и масовни дневни гозби по повеќенеделниот пост. Но годинава, повеќето од околу 1,8 милијарди муслимани мораа да се молат во своите домови и да комуницираат со најблиските преку телефон.

Некои држави како Турција, Ирак и Јордан, воведоа 24-часовен полициски час за време на празникот. Но и онаму каде ограничувањата се помали, прославата е сведена на минимум поради стравот од пандемијата.

Саудиска Арабија- дом на светите места Мека и Медина- е во целосен карантин, а на граѓаните им е дозволено да излегуваат од дома само за да купат храна и лекови. 

- Повеќе на темата: Рамазан за време на корона

Иран, кој е особено тешко погоден од вирусот, дозволи молитви во некои џамии, но ја откажа годишната масовна рамазанска молитва во Техеран која вообичаено ја предводи Ајатолахот Али Хаменеи.
Најголемата муслиманска држава Индонезија исто така забрани масовни молитви во џамиите, но и на отворени места, а забранети се и семејни собири или дарување на децата од страна на роднини.
Во соседната Малезија, продавниците се повторно отворено по повеќенеделен карантин. Но масовните собири и натаму се забранети, а на граѓаните им е забрането да патуваат. Малезијците смеат да ги посетуваат само роднините кои живеат во непосредна близина, и само во недела, и тоа со ограничување на максимум 20 луѓе. На молитвите во џамиите е дозволено да присуствуваат најмногу 30 луѓе.

Рамазанска молитва во џамијата во Келн, ГерманијаФотографија: Ditib/Ercüment Aydin

Во Пакистан премиерот Имран Кан одби да нареди затворање на џамиите за празникот, и покрај апелите на лекарите и растечкиот број инфекции. Повеќе од илјада верници денеска се молеа заедно еден до друг на отворено поле во Карачи.

Во Франција, која има бројна муслиманска заедница, властите дозволија собир на околу 2,000 верници во спортски комплекс во париското предградие Левалоа-Пере, но со стриктно почитување на социјалната дистанца и со заштита. Но водечката муслиманска организација во Франција ги советуваше сите џамии во земјата да не отвораат за празникот.
На Балканот, верниците во во Албанија, Косово и Босна и Херцеговина се соочија со повеќе ограничувања. Џамиите беа повторно отворени во Сараево, но верниците мора да носат маски и да ја почитуваат социјалната дистанца. На постарите верници им се советува да останат дома.
Муфтијата на косовската Исламска заедница, Наим Тернава ја предводеше молитвата во џамија со мала група имами кои беа распоредени на дистанца од 1,5 метри, а настанот се пренесуваше надвор преку звучници.

Муслимани се молат во црква во Берлин

02:13

This browser does not support the video element.

„Ве повикувам уште малку да бидете трпеливи уште малку додека да мине опасноста“, им порача тој на верниците.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми