Карантин, песна и коронавирус: секојдневието во Рим
Меган Вилијамс
15 март 2020
Цела Италија е во карантин за да се спречи ширењето на Ковид-19, а луѓето се адаптираат на нов начин на живот. Нашата Меган Вилијамс известува за нејзиното секојдневие во Рим
Реклама
Десет дена откако италијанската влада ги затвори училиштата низ земјата, пет дена откако беше прогласен делумен карантин и два дена откако се потпиша декрет за целосна изолација, стоев на балконот од мојот стан во Рим пеејќи ја националната химна.
Во зградата спроти мојата- всушност во сите околни згради на мојата улица- луѓето пееја заедно од своите балкони и прозорци, плескајќи, довикувајќи и удирајќи по тапани.
Принудени на изолација согласно стриктните владини директиви кои предвидуваат излегување само за купување храна или лекови, за неопходни работни обврски или за здравствени итни случаи; при затворени продавници, ресторани, барови, па дури и паркови, жителите на Рим со радост го прифатија првиот вертикален флеш-моб во еден весел излив на солидарност. Живеењето во карантин претставува значителна промена во навиките во секоја земја. Но за култури како италијанската, каде физичкиот контакт е норма, а голем дел од животот се поминува до друштво на други- на средби на плоштади, во ресторани или барови- одржувањето на дистанца е херкулска задача.
Пред последното ограничување по кое беа затворени поголемиот дел од парковите, се враќав дома од италијанското Биро за странски новинари, сега затворено, под сенката на раскошните магнолии во прекрасниот парк Вила Боргезе, и забележав двајца драги пријатели и ги поздравив. Инстинктивно тргнавме едни кон други, но одеднаш застанавме и несвесно само ги подигнавме рацете во гест на самоодбрана.
Се насмевнавме, помалку посрамено, и почнавме да разговаравме на единствената можна актуелна тема во Италија- коронавирусот. Но стоењето на повеќе од еден метар растојание го смени тонот на разговорот, му ја одзеде интимноста, и наскоро се разделивме.
„Одржувајте растојание!“
Вработените на шалтерите и касите во супермаркетите, несакајќи, останаа на првата борбена линија и нивните нерви попуштаат. Пред некој ден, вообичаено зборливата продавачка на пултот за риби му се нафрли на еден муштерија кој, со гумени ракавици на рацете, се доближи преблиску до посакуваните каламари. „Mantenga le distanze!" — Одржувајте растојание!, му свика. Нејзиниот пријателски тон се врати дури откако ја праша за совет за подготовката на храната.
За среќа, и без сомнеж благодарение на бидеата, досега немаше недостаток на тоалетна хартија во Италија.
Но не се работи само за физичките прилагодувања и загуби. Не само бескрајното миење раце, компулсивното бришење на телефоните, компјутерите и кваките од вратите со алкохол или белило. Не е само ненадејното оттргнување од непознатиот на улица кој ќе кивне или ќе се закашла.
Во изолација поради коронавирус? Нема проблем
Со малку креативност можете да ја претворите изолацијата во инспирација. Еве неколку идеи како да го искористите времето во карантин, и да продолжите нормално да живеете дури и затворени во четири ѕида.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Schickert
Бидете креативни со конзервираната храна
Претворањето на конзервираната храна во нешто вкусно можеби бара малку магија, но сигурно не е невозможно. На пример, експериментирајте со лакса која ги прочистува синусите или пак измешајте конзерва туна со малку пченка и свеж ѓумбир за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images
Затворената вежбална не е изговор
Имате доволно начини да ја одржите добрата форма на вашето тело дури и ако не можете да ја посетите вашата вежбална. Загрејте го телото со фитнес вежби или јога со онлајн упатства, а доколку ви е многу здодевно искористете ги и конзервите со храна во вашиот магацин за да ги развиете вашите бицепси и трицепси.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-D. Gabbert
Време е за пролетно чистење
Искористете ја можноста, засукајте ги ракавите и употребете го вишокот енергија за да го светнете секое ќоше во домот. Ова може да биде најдобриот момент за расчитување на нередот. Можете дури и да ослободите место во плакарите и да зачистите во подрумот.
Целодневното гледање на ТВ серии е гарантиран начин за опуштање на умот и телото. Можеби мини-серијата „Чернобил“ и не е најдобриот избор доколку сте во мрачно расположение. Алтернативата би било нешто полесно, како „Пријатели“. Доколку секој ден потрошите 6 часа и 20 минути на оваа серија, ќе ги изгледате сите 236 епизоди за 14 дена.
Покрај сето слободно време можеби е добар момент да ја избришете прашината од некои постари игри и да се забавувате со оние со кои го споделувате карантинот. Доколку сте сами во изолација, повеќе класични игри денес имаат и онлајн верзии па можете да играте со пријателите преку интернет.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache
Научете нешто ново
Во денешно време можете да научите речиси се онлајн. Можеби секогаш сте сакале да научите некоја нова вештина или дури и јазик. Германски можеби? На интернет ќе најдете многу можности и за бесплатно изучување јазици, па со оглед на слободното време, нема никаков изговор зошто тоа да не го сторите.
Фотографија: Colourbox
Јавете и се на бабата
Вашите роднини секогаш се жалат дека ве гледаат само за празници. Сега е добар момент да им се јавите. Иако веројатноста дека ќе заглавите на телефон 1-2 часа е голема, сепак ќе ви се израдуваат. Притоа, ќе покажете грижа и за нив и за нивното здравје во оваа тешка ситуација, особено за постарите луѓе.
Фотографија: Heike Brauer/Fotolia
Планирајте го следниот одмор
Планирањето одмор е добар начин да избегате од вашата соба, макар и само во мислите. Исполнете го денот замислувајќи си како се релаксирате на Бали или уживате во чистиот планински воздух некаде на Алпите. Само не заборавајте да си купите и патничко осигурување бидејќи никогаш не се знае кога ќе дојде следната криза.
Се работи за предизвиците на имагинацијата: нелесната вежба на замислување на објективното, кусорочното, најлошо сценарио и одлучувањето што е најдобро.
Ми се јави мојата свекрва, која наскоро ќе наполни 88 години, парализирана од нерешителност. Таа живее сама во град во централна Италија. Уште пред две недели се обезбеди со залихи од храна, кога престана и да излегува, но затворена во својот мал стан, почнува да излудува.
Треба ли, ме прашува, да се качам на воз до северна Италија каде сама живее нејзината внука, лекарка? Од една страна, тоа ја става во ризик од инфекција само за да стигне дотаму. Од друга, ќе и даде друштво и поддршка доколку се разболи. Доколку остане дома, како психолошки ќе преживее оваа социјално ангажирана и очајно осамена жена?
„Читам и гледам телевизија“, вели таа, „но ја немам технологијата која ја имате вие младите која ви овозможува да се гледате на тие екрани. Посакувам да научев“.
Вилијам, 30-годишен нигериски мигрант, кој до минатата недела стоеше пред мојата локална пекара и бараше работа или пари, е исто така сам, со неколку пакувања ориз и шпагети.
„Тешко е да се објасни“, ми вели, откако го поздравив. „Ова е дел од животот. Ова е дел од тоа што може да се случи во животот“. И потоа тој, човекот кој си го ризикувал животот на илегален брод преку Медитаренот, ми вели: „Жал ми е за старите жени кои умираат. Токму постарите жени ми даваа пари. Постарите жени ми помагаа“.
Солидарност
Италија, а во меѓувреме и целиот свет, го прифаќаат радикалниот пресврт во начинот на живот, но солидарноста продолжува. Сабота напладне, римјаните излегуваат на прозорците и терасите уште еднаш за да им изразат благодарност на здравствените работници кои ги ризикуваат, и жртвуваат, своите животи грижејќи се за илјадниците болни и хоспитализирани. А во следните денови се планирани уште бројни слични настани.
Последниот заврши така што некој од кровот на соседната зграда почна да свири на гитара и отпеа неколку италијански фолк песни. Ние, јас и мојот сосед кој тогаш првпат го видов, останавме на прозорецот и терасата, слушајќи.
Има многу луѓе кои се болни и умираат, и уште повеќе кои ќе минат низ големи економски тешкотии поради вирусот. Но за момент, тоа зазвуче како слатка компензација.
Алтернативни поздрави во време на пандемија
За да го намалат ризикот од заразување со новиот коронавирус, луѓето ширум светот ги менуваат навиките за поздравување. Можеби ќе ве инспирира некоја од овие културни навики.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Manzo
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Drew
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Obama Foundation
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
Фотографија: Reuters
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
Фотографија: Colourbox
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
Фотографија: Reuters/K. Doherty
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/J. Kurtz
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/Kyodo
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
Фотографија: DW/S. Bartlick
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.