1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Кардиналот Пел осуден на шест години затвор

СН/ агенции
13 март 2019

Џорџ Пел е највисоко рангиран католички свештеник некогаш осуден за сексуално злоставување на малолетници. Сега судот ја објави и казната за кардиналот- во пренос во живо.

Australien Justiz l Missbrauchsprozess gegen Kardinal George Pell
Фотографија: Getty Images/AFP/C. Chronis

Австралискиот кардинал Џорџ Пел, некогашен трет човек на Ватикан, денеска е осуден на затворска казна од шест години поради сексуално злоставување на две момчиња. 77-годишниот Пел е досега највисокиот претставник на католичката црква кој е прогласен за виновен за злоставување на малолетници. Тој би требало да мине најмалку три години и осум месеци во затвор пред да може да побара условно пуштање на слобода.

Кардиналот кој тврди дека е невин, најави жалба на пресудата со која во декември минатата година беше прогласен  за виновен за орално силување на 13-годишно момче и непристојно однесување со него и со неговиот 13-годишен другар на крајот на 90-те години од минатиот век, неколку месеци пред Пел да стане надбискуп на Мелбурн.

Повеќе:

-Влијателниот кардинал Пел осуден за злоставување деца

-Денови на тажната вистина во Ватикан

-Скандалите во католичката црква

Пресудата беше објавена дури на крајот на февруари поради правни причини.

Фотографија: Getty Images/M. Dodge

Насекаде во светот римокатоличката црква е погодена од бран педофилски скандали. Меѓутоа судијата во Мелбурн, Питер Кид, која денеска ја изрече казната за Пел, нагласи дека ова е судење на кардиналот, а не на институцијата и оти тој се казнува за неговите злодела, а не за пропустите на католичката црква. Џорџ Пел беше во кругот на најблиски советници на папата Франциско, но неодамна беше ослободен од задачите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми