Карикатура го налути Ердоган
5 ноември 2014Реџеп Таип Ердоган сѐ почесто ги покажува емоциите на тривијалности. Така, пред неколку дена, ги искритикува младите луѓе кои пушеа во едно кафуле, а пред првиот човек на државата не ги изгаснаа цигарите. Навреда за неговото височество! И тоа може да има последици. Секој новинар кој ќе се осмели критички да пишува за Ердоган, ризикува да остане без работа. На секоја медиумска куќа, која нема да покаже должно почитување и се заканува гневот на лидерот.
Песот по име Ердоган
Ердоган во меѓувреме настапува со става на османлиски султан. Кој мисли поинаку, може да се подготви за епилогот. Тоа секако функционира само во Турција. Во Европа, каде медиумите, синдикатите, партиите и граѓанските иницијативи се под заштита на демократските права, никој не мора да се грижи за чувствителноста на Ердоган.
Во конкретниот случај, минаа цели три години откако двајца карикатуристи, по повод 50-годишнина од германско-турскиот договор за прием на странски работници, во тиражен германски дневен весник, објавија карикатура за интеграцијата на Турците во Германија со еден баварски виц. На сликата се гледа кучешка куќичка со името на Ердоган и бесен пес врзан за ланец. Тоа што некогаш ги забавуваше читателите во меѓувреме стана дел и од школските учебници во Баден-Виртемберг.
Карикатуристите заслужуваат критика затоа што не воделе сметка или свесно го игнорирале односот на одредени култури, како турската, и нивното мислење за псите. Кучињата се сосема на дното на вредносната скала на Турците. Тие важат за валкани и здодевни. Да се нарече некое куче- Ердоган, тоа е веќе провокација полна со непочитување. Меѓутоа, во модерните општества, медиумските провокации на политичарите и партиите спаѓаат во демократското секојдневие- често се на границата на навреда.
Доколку карикатурата не се најдеше во школските учебници, тоа воопшто и не би станало тема. Кулминација на сѐ е повикувањето на германскиот амбасадор во Анкара, поради ваквата ситница. Ердоган, за жал, останува оддалечен од демократската толеранција и државничката сувереност. Тој сѐ повеќе застранува кога станува збор за демократијата, која ја формира според сопствените сфаќања.