Карла дел Понте за Србија и БиХ
9 октомври 2007Реклама
Главниот обвинител на хашкиот трибунал Карла дел Понте изјави дека на Србија и Босна и Херцеговина не смее да им биде дозволено да станат кандидати за членство во Европската унија додека не ги испорачаат Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. Во интервју за ББЦ, Дел Понте изјави дека е убедена оти тројца од преостанатите четворица обвинети за воени злосторства се наоѓаат во Србија. Таа уште дополни дека не знае каде точно се наоѓа Караџиќ, но оти знае дека е во регионот.