На 28 февруари започнува уличниот карневал во Келн. Тоа значи шестдневна, постојана забава. Ви нудиме мал водич за тоа како да се облечете, каде да одите и... како да преживеете.
Реклама
Во 11 часот и 11 минути илјадници карневалисти во Германија ги започнаа традиционалните карневали. На Вајберфастнахт денеска илјадници жени симболично ги заземаат општинските згради и на мажите им ги сечат вратоврските. Од денеска (28.02) до среда, т.н. Среда пепелница, ќе се слави, пее, танцува, а потоа, според обичајот, почнува велигденскиот пост. Доколку сте во Келн или околината, подготвивме неколку практични совети за карневалот:
Карневал во Келн: Совети за почетници
На 28 февруари започнува уличниот карневал во Келн. Тоа значи шестдневна, постојана забава. Ви нудиме мал водич за тоа како да се облечете, каде да одите и... како да преживеете.
Фотографија: picture-alliance/R. Goldmann
Што по ѓаволите е Јек?
Така се нарекува секој кој учествува на карневалот во Келн. Не се срамете од славениците кои не ги познавате. Само следете го нивниот пример. Доколку ве фатат под рака, следете го ритамот на музиката. Доколку ве грабнат за рамена, не се плашете, само сакаат да ве вовлечат во танцувачката колона. Уште подобро, пејте со нив дури и ако не ги знаете зборовите. Не е ништо страшно :)
Не се паничете: бакнувањето е популарен обичај на славјето, а особено на „вајберфастнахт“, денот кога жените ја преземаат „власта“ во градот. Она што на германски се нарекува „Bützchen“ може да биде допир до образот или кус бакнеж како израз на карневалската радост кој не треба да се меша со други мотиви. Пријателски бакнеж, сепак, не се одбива.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg
Ставете барем капа!
Здодевни морнарски костуми? Локалните жители на Келн нема да бидат одушевени. Вистинските Јекови се препознаваат по креативните костуми направени дома. Консензусот е дека најмалку морате да ставите капа, а притоа оставете ја фантазијата нека ви работи - колку почудна, толку подобро.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg
„Паметни“ костуми
Можете да облечете што сакате. Водете сметка дека секој карневалски костум е добар, а најдобар е оној во кој ќе се чувствувате пријатно и на улица и во кафуле. Притоа водете сметка дека пивото ќе ве тера често да го посетувате тоалетот, па костумот нека биде и практичен: не дозволувајте да се мачите со неговото соблекување.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Vennenbernd
Затнете ги ушите!
Во Келн, тапаните го симболизираат звукот на карневалот. Онаму каде што ќе видите музички групи и марширачки бендови, гарантирана е добра забава. Луѓето танцуваат спонтано, пејат и се веселат до раните утрински часови. Овие музичари не се само од Келн, туку во последните години патуваат од цела Европа специјално за да присуствуваат на карневалот. Придружете им се!
На „Вајберфастнахт“ во точно 11 минути по 11 часот, уличниот карневал официјално се прогласува за отворен на Алтермаркт во старото градско јадро на Келн. Најдобрите бендови доаѓаат тука. Плоштадот е толку популарен, што е преполн уште од 9 часот утрото. Можете да влезете само со билет, не е баш за спонтани посетители. Без грижа: забави има речиси на секое ќоше.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Vennenbernd
Бидете умерени
Дури и во обични денови, Цулпихер Штрасе, во близина на Универзитетот во Келн е популарна дестинација поради своите барови и ресторани. Но за време на карневалот тоа е и место на драстични алкохолизирани ексцеси кои и немаат многу врска со карневалското славје. Затоа, одбегнувајте ја. Поопуштено е славењето во другите делови на градот, на Зеверин Штрасе, на пример.
Фотографија: picture-alliance/R. Goldmann
Отворени барови насекаде
Доколку сакате да им се придружите на локалците, одете во некој бар или „кнајпе“. Мудро е да се избегнат пренатрупаните места во центарот околу Келнската катедрала. Забава има во секој дел од градот. Чекањето ред за влез може да биде и интересно искуство, затоа што лесно се влегува во разговор, а секогаш има и доволно резерви алкохол.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Kaiser
Келнски бонтон
За време на карневалот во баровите има само мини-шанкови и маси за стоење. Останатото е подиум за танцување. Пивото не престанува да тече и немојте да се изненадите доколку ви носат локално пиво - Келш - без да ве прашаат. Тука пиво не се нарачува, но можете да го одбиете со тоа што ќе ја ставите подлошката за чаши на врвот на вашата чаша. На фотографијава, очигледно, сите се жедни.
Фотографија: picture-alliance/dpa Themendienst/H. Kaiser