Заборавете на рецесијата, штрајковите на полицијата и корупциските скандали: време е за карневалот во Рио. Во наредните неколку дена сите ќе се забавуваат, со исклучок на градоначалникот на бразилската метропола.
Реклама
Карневалот во Рио започна со мал скандал. Новиот ултра-религиозен градоначалник на Рио де Женеиро, Марчело Сривела не се појави на традиционалното предавање на клучот на градот на карневалскиот крал Момо, чин со кој официјално се отвора карневалот. Организаторите во бели самба облеки, градскиот дувачки оркестар и илјадници карневалисти попусто чекаа дваипол часа да се појави првиот човек на градот. „Каде е Сривела?“, извикуваа некои меѓу 70-те илјади гледачи на таканаречениот Самбодром во Рио.
Почна карневалот во Рио
01:27
Конечно симболичното предавање на клучот го спроведе ополномоштеничката за култура на градот Нилчемар Ногуеир. Таа истакна дека градоначалникот останал дома за да се грижи за својата болна сопруга.
Уште во претходните денови се шпекулираше дека ултра-конзервативниот Сривела нема да дојде на церемонијата. Тој е бискуп во „Универзалната црква на кралството Господово“ , евангелистичка мега-црква и не се согласува со практиките на карневалот.
Неофицијалните улични забави типични за карневалот во Рио инаку започнаа уште пред две недели. Кулминацијата на прославата се парадите на самба-школите на Самбодром, кои се одвиваат во текот на викендов. Властите очекуваат повеќе милиони туристи во градот до крајот на карневалот на 28 февруари и заработувачка од околу една милијарда евра.
Карневал во Венеција
Карневалот во легендарниот италијански град е во полн ек со прекрасни перформанси кои се оддржуваат низ познатите канали. Секоја година карневалот привлекува илјадници маскирани учесници.
Фотографија: Reuters/T. Gentile
Гондоли во каналите
Познатите канали на Венеција оживуваат кога, за време на водената парада, низ нив минуваат разнобојните бродови. Годинешното отварање беше проследено со перформанс на вода. Во чест на океанот и месечината, митската „Кралица на морето“ излезе од водите на централниот канал Канареџио во придружба на фантастичните морски суштества.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Bertorello
Магично отворање
Според организаторите, целта на шоуто била славење на „убавината и морето“ - што беше дел од големото отворање на еден од најпознатите карневали во светот. Дел од изведувачите, со сини крилја инспирирани од пеперутките висеа во воздухот додека под нив поминуваа гондоли кои носеа факели.
Фотографија: Reuters/T. Gentile
Популарна туристичка дестинација
Се смета дека Венецискиот карневал се оддржува од 1162 година. По неколку децениска пауза, истиот почна одново да се оддржува во 1980 година. Додека се оддржува карневалот, Венеција - град со 850.000 жители - ја посетуваат околу 3 милиони туристи.
Фотографија: REUTERS/T. Gentile
Мистериозната дама во црвено
За разлика од другите карневалски прослави, на кои главно има забавни паради со танчери и кловнови, прославата во Венеција секогаш е опкружена со чувство на мистерија. Прославата вклучува бал на маски, паради со гондоли, натпревар за убавина и други помали прослави низ градот.
Фотографија: REUTERS/A. Bianchi
Инкогнито во гондола
Детално маскираните луѓе се движат низ мрежата на канали во градот. Костумите се изработуват од лускузни материјали и свила, а фамозните венецијански маски се неопходни за секоја карневалска група.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Bertorello
Различни видови на маски
Постојат повеќе видови на маски: „Баута“ е целосна, позлатена маска која е дизајнирана да му овозможи на оној кој ја носи да зборува, јаде и пие без да треба да ја извади. „Коломбина“ е полумаска која често е декорирана со сребро, злато и пердуви. Иако денес и двете видови маски ги носат и мажи и жени, во минатото „баута“ била наменета за мажите.
Веселбарите се собираат во познатото кафуле Флориан на плоштадот Св. Марко. Најпознатиот настан на карневалот можеби е таканаречениот „лет на ангелот“ кој вообичаено се случува викендот пред Дебелелиот четврток - католичката гозба со која се одбележува последната можност да се јаде и да се весели пред почетокот постовите.
Фотографија: REUTERS/A. Bianchi
Лет на ангелот
При оддржувањето на традиционалната прослава чии корени можат да се најдат во ренесансниот период, победникот од натпреварот за убавина кој се одржал претходната година се спушта со јаже од кулата на Св. Марко среде насобраните луѓе на плоштадот.
Фотографија: Reuters/A. Bianchi
Карбинери на Св. Марко
Официјалните лица изјавија дека за осигурувањето на безбедноста на карневалот се поставени антитерорситички единици на клучните локации низ центарот на градот каде се очекува да се соберат илјадници луѓе да ги гледаат настапите и парадите.
Автор: Н. Бергхаузен