1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кастриот Реџепи добивал пораки со закани за живот

ДТЗ
15 ноември 2021

Пратеникот на Беса кој не дојде на собраниската седница за доверба на владата, Кастриот Реџепи вели дека „пресекол во корист на државата“. Беса се уште не е излезена од владата, тврди тој.

Nord-Mazedonien Skopje | Kastriot Rexhepi
Кастриот Реџепи, БесаФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Срцето и умот ти велат дека некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината. Овој пат тоа бев јас. Се надевам дека во наредните денови разумот ќе преовладее“, порача денеска пратеникот Кастриот Реџепи на прес-конференција во Собрането, која што предизвика голем интерес во јавноста. Тој пред медиумите објаснуваше што се случувало критичниот ден во четвртокот кога требаше да се гласа доверба на Владата, а тој не се појави на собраниската седница, со што ги помати сметките на опозицијата. Обелодени дека на мобилниот телефон добил пораки со закани за живот, но не откри од кого. Пораките се пријавени во надлежните институциии, а имал и притисоци по одлуката да не се појави во Собранието на денот на гласање. Потврди дека за неговата безбедност се грижи обезбедување, но дека тоа му било доделено по проценка на надлежните, а не на негово барање. 

Реџепи најави дека и во иднина ќе настапува како пратеник на Движењето Беса, се додека не се промени неговиот статус, иако лидерот на партијата Биљал Касами во петокот објави дека неговиот сопартиец е исклучен од партијата

Беса не е излезена од Владата 

Но, спротивно на најавите на партискиот лидер, Реџепи тврди дека Движењето Беса не е излезено од владината коалиција со СДСМ и ДУИ, бидејќи таква одлука засега нема. 

„Де јуре и де факто, движењето е во владина коалиција. Не се излегува од влада со изјава, со прес- конференција, со Фејсбук статус. Јас сум потпретседател на Беса и така планирам да функционирам. Централниот одбор кога ќе одлучи дека Беса не е дел од мнозинството, тогаш и јас како член на партијата ќе размислам да ја почитувам таа одлука“, дециден е Реџепи, иако во петокот министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа и двајца заменици министри од Беса дадоа оставка и најавија повлекување од владината коалиција. 

Кастриот Реџепи вели дека донел одлука во корист на стратешките интереси на државата. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Самоволно се засонил 

По неколкудневна изолација, Реџепи денеска рече дека како „сојузик на своите сограѓани, Македонци и Албанци, стратешки сојузник на САД, самоволно се засолнил на денот на гласање на Владата со цел да не дозволи земјата да отиде во правец спротивен на неговите идеолошки убедувања и од стратешката задача што им да зададоа граѓаните. 

 „Не е едноставно да имаш поинаков став од своите сопартијци“, вели Реџепи, неколкупати повторувајќи дека не можел да гласа против неговите убедувања, за една иднина со многу непознати која што може да доведе до нарушување на процесот на евроинтеграции. 

Тој на прес-конференцијата детално објасни зошто во четвртокот не присуствуваше на собраниската седница за гласање на доверба на владата на премиерот Зоран Заев, поради што пропадна обидот на опозицијата да формира ново парламентарно мнозинство.

„Моите првични размислувања беа да дојдам на седница, да земам збор и да гласам против. Но, проценувајќи ја целата состојба, со оглед на тоа дека немаше да има пратеници од мнозинството, ќе бев единствен пратеник кој ќе требаше да гласа против една еуфорија, која брзо се одвиваше како на филмска лента“, рече Реџепи, образложувајќи ги своите стравувања дека можел да биде мета на вербални и физички напади. Често сме сведоци како до сега доаѓало до тензични ситуации, не сме скандинавска земја за да се прифати еден пратеник да гласа според своите убедувања. 

Двоумења 

На новинарските прашања зошто првично ја потпишал иницијативата, кој носител е ВМРО-ДПМНЕ, а потоа се предомислил да гласа за неа, Реџепи образложи дека таквата одлука била донесена во момент кога премиерот Заев Заев најавил оставка, „немаше кормилар и не се знаеше кој ќе го наследи, и со тоа паѓаше во вода и евроинтеграцијата на земјата“. Чашата ја прелила и одлуката на ДИК за прегласување во Желино, каде што блага предност имаше кандидатот на Беса во однос на ДУИ. Но откако Заев ја одложи оставката и немаше прегласување во Желино, но и се посилни биле сигналите дека Северна Македонија е се поблиску до ЕУ, Реџепи вели не можел со своја рака да му пресуди на процесот за добивање датум. 

Пратеникот им честиташе на граѓаните затоа што земјата го избра вистинскиот - западниот пат, „патот по кој одиме со нашите стратешки сојузници“. „Со чиста совет изјавувам дека сум сигурен дека нема поголема вредност од тоа својата земја да ја водиш по патот на демократијата и заедништвото, патот на НАТО и ЕУ. Верувам дека се можни мостови меѓу нас, ќе се обидам да бидам еден од тие мостови на смирување, стаблизација, фоскуирање на решавање на проблемите, пандемијата, енергетската криза и почетокот на преговорите со ЕУ. Потребно е стабилно мнозинство, реконструкција на владата и многу работа“, порача тој. 

Реџепи минатата недела, преку видео обраќање и објави на социјалните мрежи соопшти дека е безбедени на „вистинската страна“ , откако неговите сопартијци како и партиите од новото парламентарно мнозинство во формирање се сомневаа дека тој можеби киднапиран, поради што случајот го пријавија во полиција. Реџепи во петокот се појави во полициска станица на Бит Пазар, каде сведочеше дека бил кај пријател и чекал да помине тензијата којашто се создаде во јавноста. Кратко потоа лидерот на Беса, Биљал Касами соопшти дека од партијата го исклучи својот сопартиец Реџепи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми