1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каталонија: Насилството не е решение

ЕМФ /агенции
3 октомври 2017

Европската Комисија од Каталонија и централната власт во Шпанија бара дијалог. „Насилството никогаш не може да биде инструмент на политиката“, изјави портпарол на ЕК во Брисел.

Flaggen EU Spanien Katalonien
Фотографија: picture-alliance/Robert Harding

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, од шпанскиот премиер Маријано Рахој побара избегнување на натамошна ескалација во конфликтот со Каталонија. Тоа Туск го соопшти на Твитер по својот разговор со Рахој.

Проблемот со Каталонија е ставен на дневен ред на Европскиот Парламент. Европратениците долго дебатираа околу насловот на точката на дневниот ред и на крајот постигнаа согласност таа да биде дефинирана како „Устав, правна држава и основни права во Шпанија со оглед на настаните во Каталонија“. Зелените  и Левицата претходно инсистираа пратениците да се концентрираат на темата полициско насилство. Тие бараа од Европската Комисија да се вклучи како медијатор во кавгата меѓу Брисел и Барселона.

Маргаритис Шинас: Насилството никогаш не може да биде средство за политичка пресметкаФотографија: Imago

„Се работи за настани и внатрешнополитичка работа на земјата членка Шпанија во кои ЕК не се меша“, повторуваше Комисијата во изминативе недели. Но, покрај оваа правна позиција сепак ставот е дека „насилството никогаш не може да биде средство за политичка пресметка", изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас. „Двете страни сега треба да преминат од конфронтација на дијалог". Европската Комисија има доверба во способностите на шпанскиот премиер Маријано Рахој да ја изменаџира ситуацијата. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми