1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Каталонија: Предизборна кампања од притвор?

СН/ агенции
4 декември 2017

На 21 декември во Каталонија треба да се избира. Лидерите на движењето за независност, својата кампања, според последната судска одлука, веројатно ќе мора да ја водат од ќелија.

Spanien Katalanien | Präsident Carles Puigdemont & Vizepräsident Oriol Junqueras
Фотографија: Reuters/A. Gea

Сменетиот каталонски потпреседател Ориол Жункерас и уште тројца сепаратистички лидери остануваат во притвор додека трае истрагата за нивната улога во незаконскиот обид за отцепување на покраината од Шпанија.

Уште шестмина порано уапсени ќе бидат пуштени на слобода со кауција од 100.000 евра. Оваа одлука на судот доаѓа по нивното барање да бидат пуштени бидејќи многумина од нив се кандидати на претстоечките вонредни избори во покраината.

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон пак се соочува со сослушување за екстрадиција од Белгија каде што се наоѓа откако шпанските централни власти го запреа обидот за отцепување и ја укинаа автономијата. Пуџдемон тврди дека нема да има фер судење во Шпанија. Изборната кампања во Каталонија почнува, а изборите ќе одржат на 21 декември.

Просепаратистичките партии сега се поделени, за разлика од последните избори, кога настапија на заеднички листи и освоија тесно мнозинство во регионалниот парламент. Одлуката за екстрадиција на сменетиот каталонски претседател Карлес Пуџдемон и четворицата министри од Белгија во Шпанија ќе биде донесена на 14 декември, една недела пред регионалните избори во Каталонија, рече денеска нивниот адвокат Пол Бекерт.

Бекерт рече оти обвинителот бара екстрадирање на петмината сменети каталонски официјални лица во Шпанија и додаде дека нема основа за тоа. „Ја нагласивме и опасноста од кршење на нивните човекови права во Шпанија“, рече тој.

Поранешниот каталонски претседател и неговите соработници одбиваат да се вратат во Шпанија, каде ќе се соочат со обвинувања за побуна и проневерување на јавни пари и долгогодишни затворски казни.

Пуџдемон и четворицата министри од сменетата каталонска влада во Белгија заминаа затоа што шпанската влада воведе директна управа во Каталонија по прогласувањето на независност на регионот на 28 октомври.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми