1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каталонците бараат „Република сега!“

СН/ агенции
12 март 2018

Десетици илјади сепаратисти повторно излегоа на улиците да демонстрираа за отцепување на Каталонија од Шпанија. Тие сакаат влада која ќе го форсира создавањето на „Каталонска република".

Protestmarsch für die katalanische Unabhängigkeit in Barcelona
Фотографија: AFP/Getty Images/P. Barrena

Влијателната сепаратистичка организација „Каталонско национално собрание" (АНК) повика на митинг во неделата вечер во Барселона. Тој се одржа под мотото  „Република, ара!" (каталонски за: Република сега!). Многу учесници го вееја знамето на движењето за независност на Каталонија. Локалната полиција го процени бројот на демонстранти на околу 45 илјади.

Водечки политичари зад решетки

АНК бара трите партии кои се залагаат за независност да  постигнат договор за формирање на регионалната влада и прогласување на „Каталонска република" што е можно поскоро. Кога регионалниот парламент беше реизбран во декември, сепаратистите - на огорченост на шпанската централна влада во Мадрид - повторно добија мнозинство. Сепак, формирањето на владата се одвива тешко: многумина врвни каталонски лидери, како на пример поранешниот регионален претседател Карлес Пуџдемон, беа затворени или избегаа во странство, по забранетиот референдум за независност одржан во октомври минатата година по кој беше донесена и одлуката за независност

Повеќе на темата:

-Шпанија ќе ја активира потерницата по Пуџдемон

-Пуџдемон сака да управува со Каталонија од егзилот во Брисел

-Пуџдемон треба повторно да ја води каталонската влада

Во петокот парламентот во Барселона ја одложи на неопределено време седницата за формирање на новата влада, закажана за денеска. Шпански судија претходно го отфрли барањето на кандидатот за шеф на каталонската влада Жорди Санчез за привремено ослободување од притвор за да може да присуствува на седницата.

Жорди СанчезФотографија: picture-alliance/AP Photo/P. White

Поранешниот шеф на АНК се наоѓа во затвор повеќе од четири месеци поради „субверзивно однесување". Според законот, шефот на владата не може да биде избран во отсуство од парламентот. Шпанскиот Уставен суд ова го потврди  уште на крајот на јануари во однос на кандидатурата на Пуџдемонт, која живее во егзил во Брисел од октомври. минатата година  Тој на крајот се откажа од реизборот, по што претседателот на каталонскиот парламент, Роже Торен, за алтернативен кандидат го предложи Санчез.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми