1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катар негира дека ја поддржувал ИД

АТ/ ард24 август 2014

Катарскиот министер за надворешни работи недвосмислено ги демантираше обвинувањата дека заливската држава ги поддржувала терористичките милиции ИД. Со ова тој реагираше на изјавата на германскиот министер Милер.

Шеикот Калид ал Атија со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер (архива)Фотографија: Reuters

Министерот за надворешни работи на Катар, шеик Калид ал Атија ги отфрли обвинувањата дека заливскиот емират ги финансирал терористичките милиции Исламска држава (ИД). Неговата држава на никаков начин не ги поддржува екстремистичките групи и нема да го прави тоа, нагласи Ал Атија во Лондон. Кој го тврди тоа е „лошо информиран“, вели тој. Катар ги отфрла намерите, насилните методи и целите на екстремистите.

Ал Атија го осуди „варварското убиство“ од терористичката група на американскиот новинар Џејмс Фоли. За да му се стави крај на насилството во Ирак и во Сиирја, неопходно е одлучно, заедничко делување, појасни министерот за надворешни работи. На екстремистичките групи во регионот треба да им се сопре дотокот на пари.

Катар со ова реагира на изјавата на германскиот министер за развојна помош Герт Милер за финансирањето на ИД-милициите. Милер пред неколку денови во интервју за втората програма на германската телевизија го поврза Катар со финансирањето на екстремистите.

Катар бурно реагираше на ваквите обвинувања. Германската влада беше принудена да ја разјасни ситуацијата и говореше за недоразбирање. Според наводи на Министерството за надворешни работи, Владата нема сознанија за поддршка на милициите од страна на емиратот. Портпаролка на Милер нагласи дека изјавата на министерот се однесувала на медиумски извештаи.

Западните фондации со години критикуваат дека Катар ги поддржува радикалните сунитски групи исламисти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми