1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катастрофа од несогледливи размери

17 август 2010

Околу 20 милиони луѓе во Пакистан страдаат од последиците на поплавите. Погодените сега стојат пред нова борба, со гладот и болестите. Земјата доби кредит од Светската банка за надминување на последиците.

Огромен број луѓе останаа без ништоФотографија: picture-alliance/dpa

Поради огромните размери што ги доби поплавата во Пакистан, Светската банка и‘ одобри на владата во Исламабад кредит во висина од 700 милиони евра. Според досегашните информации од поплавите се погодени 720.000 куќи, а поради уништената жетва штетите се проценуваат на околу 760 милиони евра. Целосните размери на штетите ќе можат да бидат утврдени дури во септември, кога ќе помине дождовниот период. Освен овие материјални штети, 20 милиони луѓе страдаат од последиците на поплавите. Погодените сега стојат пред нова борба, со гладот и болестите.

Борба за преживување

Ситуацијата во погодените области во Пакистан се влошува од ден во ден. Според ОН 3,5 милиони деца се борат за преживување. Тие биле изложени на голем ризик смртно да заболат поради загадената вода, се вели од канцеларијата на светската организација за координација на хуманитарни мисии. Последица на тоа би биле цревни заболувања, хепатитис, тифус и дијареа. Светската здравствена организација се подготвува на епидемија на колера.

Францускиот претседател Никола СаркозиФотографија: AP

Додека водените маси се’ повеќе се прошируваат кон југот на земјата, помошта до погодените споро стигнува. Во стотици села, на површина голема колку Италија , луѓето чекаат на спас. Според ОН, досега се пристигнати само една четвртина од 460 милиони долари потребни за помош. Како споредба: само за воена помош, САД изминатата година му платиле на Пакистан половина милијарда долари. Светската банка во меѓувреме на Пакистан му одобри кредит во висина од 700 милиони евра.

Претстои криза поради глад

Парите не се единственото нешто што недостасува: владата во Исламабад на која и‘ се префрлува дека предоцна реагира на катастрофата, упати молба до Светската организација да добие хиликоптери и чамци. Хуманираните организации се жалат дека снабдувањето на населението со вода за пиење, храна и лекарства се одвива споро. Според проценките на хуманитарната организација „Кер“, Пакистан се наоѓа непосредно пред криза со глад. Потребно е вложување огромни напори за да се спречи најлошото. Распределбата на храна и вода досега е целосно недоволна, предупредува организацијата. Веќе се информира за прегладнети деца. Тоа е застрашувачко предупредување за наредните недели, предупредува „Кер“.

Во меѓувреме, идејата на францускиот претседател Никола Саркози за формирање на европска единица за брза помош, наиде на одбивање во Европската комисја. „Пружаме финасиска помош и ги поддржуваме организациите во регионот“, рече портпарол на претседателот на Комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Барозо. Германската канцеларка Ангела Меркел со загриженост и сочувство гледа кон Пакистан, соопшти потпаролот на владата. Германија во текот на викендот ја зголеми помошта од десет на 15 милиони евра.

Автор: АТ/ЖА/дв/дпа

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми