1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Катица Јанева го прекинала боледувањето

БГ
23 јули 2019

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претпладнево се појавила на работното место во СЈО. Според информации на ДВ, таа го прекинала боледувањето, а наскоро ќе се обрати до јавноста.

Mazedonien Katica Janeva neuer Generalbundesanwalt
Фотографија: DW/P. Stojanovski

По повеќе од една недела отсуство од јавноста, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претпладнево се појавила на работното место во СЈО. Според сознанија на ДВ од обвинителството, Јанева го прекинала боледувањето кое го отвори на 16 јули, еден ден откако најави дека се повлекува од функцијата. 

Се очекува во следните часови Јанева да се појави и пред камерите и да даде изјава. 

Јанева се најде во фокусот на вниманието на јавноста по отворањето на истрагата за случајот „Рекет“ од страна на јавното обвинителство за организиран криминал. Нејзиното име се доведува во врска со двајцата осомничени кои од познат бизнисмен изнудувале пари во замена за олеснувања во истрагата за случајот на СЈО „Империја“. 

Утрово, Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека бил пронајден и вториот телефон на обвинителката Јанева за кој таа тврдеше дека е загубен. Апаратот бил пронајден кај друго лице кое тврделио дека го добило на подарок. Од ЈО потврдија дека апаратот е пронајден и одземен, а ќе следува негово вештачење.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми