1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Католичката црква ги отвора архивите

10 јули 2011

Католичката црква во Германија има намера да ги испита случаите на сексуално злоставување во нејзините институции со помош на научна студија.

Фотографија: Fotolia/Gina Sanders

Од извори на Бискупската конференција во Бон се дознава дека идејата е да се добијат веродостојни информации за случаите на сексуално злоставување од страна на свештените лица, да се откријат мотивите, како и да се добие точна слика за она што се случило. Големата студија треба пред се’ да помогне во поупешното спречување на натамошни случаи. Како поддршка за испитувањето Бискупската конференција вети, дека ќе им овозможи пристап на соработниците на Институтот за криминолошки истражувања од Долна Саксонија, вклучувајќи ги и досијеата на кадровските служби во сите 27 диоцези за изминатите 10 години. Во девет од диоцезите архивата ќе биде отворена се’ до 1945 година.

Автор: ГЧ/ дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми