Катрина пустошеше во Мисисипи и Луизијана
30 август 2005Најмалку еден милион луѓе во последните денови го напуштија ЊуОрлеанс и околните места во делтата на реката Мисисипи . Оние кои не беа во можност да се евакуираат од историскиот град на џезот , прибежиште пред ударот на ураганот од четврта категорија најдоа во затворениот стадион за бејзбол и американски фудбал Супердом. Меѓу нив беше и Тери Дејвис , мајка на 5 деца .
„Вакво нешто досега немам доживеано. Јас сум од Њу Орлеанс. Се радувам што сум засолнета овде. Не сакав да седам дома , бидејќи се плашев . Овде се чуствувам сигурно“
Во 9 часот наутро според локално време Катрина го започна силниот удар врз Њу Орлеанс . Голем број елетрични и телефонски далновиди беа урнати од силниот ветар , кој уништи и поголем дел од покривот на Супердом . Сепак Њу Орлеанс беше поштеден од најсилнито удар на Катрина со оглед дека во последен момент ураганот ја промени својата насока , носејјќи ги разурнувачките ветришта и огромното количество дождови кон американската држава Мисисипи .
„ Крајбрежјето на државата претрпе невидена штета“ – изјави гувернерот на Мисисипи Хели барбур за американските медиуми кои будно го следеа беснеењето на Катрина .
Најтешко погодено место во Мисисипи беше туристичкото место Билокси каде што бранови со големина од 6 метри предизвикани од Катрина преплавија голем дел од градот .
Запрашан кои се неговите најголеми стравувања , гувернерот на Мисисипи, Барбур , истакна: Дека има голем број загинати .
Досега е потврдена смртта на најмалку 5 лица во тој регион но локалните медиуми јавуваат за повеќе од 50 загинати во регионот на Билокси.
Американскиот претседател Џорџ Буш ги прогласи ЛУизијана и Мисисипи за региони погодени од природна катастрофа , што овозможува поефикасно пристигнување на помошта до настраданите лица:
„ Сакам луѓето таму на крајбрежјето на Заливот да знаат де федералната влада е подготвена да им помогне кога ќе мине бурата. Сакам да им се заблагодарам на гувернерите на погодените региони што ја организираа спасувачката операција пред пристигнувањето на ураганот и им помогнаа на граѓаните да ја избегнат најлошото . Ги повикувам граѓаните таму да продолжат да се придржуваат кон упатствата од локалните власти “- истакна Џорџ БУш.
Инаку аналитичарите велат дека Катрина можеби ќе биде досега најскапата бура во историјата на САД , нанесувајќи штети од повеќе од 25 милијарди долари .
Катрина по најсилниот удар , пополека ја намали својата жестина , како навлегуваше подлабоко на копнениот дел на САД . Брзината на ветриштата падна на околу 100 километри на час , а дождовите помалку поројни и таа беше прекфалификувана во тропска бура.