1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каудер нов генсек на ЦДУ

23 декември 2004

Неколку часа по оставката на генералниот секретар на ЦДУ Лауренц Мајер, претседателката на партијата Ангела Меркел за нов го номинира раководителот на фракцијата на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, Фолкер Каудер.

Фолкер Каудер, новиот генсек на ЦДУ
Фолкер Каудер, новиот генсек на ЦДУФотографија: dpa

Барањата за оставка на Мајер дојдоа главно од партиските раководства на Северна Рајна Вестфалија и Шлезвиг Холштајн каде што во наредната година ќе се одржат покраински избори. Случајот Мајер ќе биде товар во изборната битка, сметаа политичарите на ЦДУ во обете покраини. Дека останувањето на Мајер ќе и наштети на партијата мораше да признае и претседателката на партијата Ангела Меркел:

“Лауренц Мајер извлече консеквенци, што значи дека на прво место се интересите на партијата и тој постапи токму во таа смисла“.

Како нов генерален секретар Меркел го претстави Фолкер Каудер, парламентарен раководител на ЦДУ, 55 – годишен правник кој важи за искусен политичар кој ја ужива довербата на партијата:

“Тој ја познава ЦДУ како сопствениот џеб. Политички е успешен и верзиран“.

Самиот Каудер за новата задача:

“Ќе ја вршам оваа работа со сета сила и ангажман, зашто имаме една цел: сакаме во 2006 на земјата да и обезбедиме подобра влада од оваа што ја имаме сега“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми