Келер ја посети Малта – разговори за бегалците од Африка
18 ноември 2007Реклама
Германскиот сојузен претседател Хорст Келер ја заврши посетата на Малта. Во средиштето на разговорите беше проблемот со прилив на бегалци од Африка. Келер и во оваа пригода се заложи за создавање предуслови во Африка за луѓето да не бидат принудени на илегално емигрирање. Келер претходно ги посети и Алжир и Мавританија.