1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Полициската тактика за Новогодишната ноќ- контроверзна

СН/ дв
2 јануари 2017

Во обид да се спречи повторување на сексуалните напади од минатата година, келнската полиција за време на Новогодишната ноќ се фокусираше на мажи од северноафриканско потекло. Полицијата сега се соочува со критики.

Deutschland Köln Silvesternacht - Personenkontrollen am HBF
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Stollarz

Полицијата во германскиот град Келн ја бранеше употребата на своевидно расно профилирање, за време на дочекот на Нова година. Во изјавата за медиумите, шефот на полицијата Јирген Mатиес призна дека полицајците конкретно биле насочени да прават проверки на мажи кои изгледале дека имаат потекло од Северна Африка, но истакна дека „кај огромно мнозинство, имало и јасна закана од присутна криминална активност“.

Властите исто така беа критикувани поради користењето на кратенката „Нафри“ за овие луѓе - отворено и на социјалните медиуми. „На главната железничка станица извршивме проверки на стотици Нафри“,  можеше да се прочита на официјалниот профил на Твитер на келнскиот огранок на покраинската полиција на Северна Рајна Вестфалија.

Безбедносните служби беа под притисок да спречат повторување на сексуалните напади, какви што се случија во минатата Новогодишна ноќ, кога група од 1.000 луѓе, главно со потекло од Северна Африка и Блискиот Исток, неочекувано се собра на платото пред познатата Келнска готска катедрала во близина на главната железничка станица и малтретираа стотици жени.

Зајакнати безбедносни мерки за Нова Година

01:15

This browser does not support the video element.

Копрeтседателката на партијата на Зелените, Симоне Петер изјави дека заострените безбедносни мерки јасно ги ограничиле насилството и нападите за време на годинешниот дочек на Новата Година- но таа ја стави под прашање легалноста на полициската тактика.

„ Се поставува прашањето на пропорционалност и легалност кога околу 1000 луѓе се легитимирани и делумно и уапсени само врз основа на нивниот изглед“, изјави Петер за весникот „Рајнишен Пост“.

Овојпат, во градот беа распоредени околу 3.000 полицајци, а 300 од нив беа пред катедралата. Огномети, инаку важна традиција во Германија за Новогодишната ноќ, беа забранети околу плоштадот кај катедралата, и наместо тоа градот  донесе одлука за поставување на светлосна инсталација. Градоначалникот Хенриете Рекер изјави дека зголеменото присуство на полицијата - што вклучуваше и поставување на бетонски блокови за да се спречи напад  сличен на последните злосторствата во Берлин и во Ница - беше неопходно.

Луѓето кои славеа на плоштадот пред катедралата изгледаа претпазливо задоволни од исходот, велејќи за Дојче Веле дека се чувствуваат сигурно и не треба поради она што се случи лани да се откажат од прославата за Нова година.

Полиција: Групи луѓе споредливо агресивни како тие лани

Бранејќи ја тактиката на јасно расно профилирање, Матис изјави: „имавме групи на луѓе кои изгледаа споредливо агресивни“ со оние кои ги спроведоа нападите во минатата година. Според шефот на келнската полиција, по контролирањето на легитимациите на 650 луѓе, на 190 им било наредено да го напуштат подрачјето, 92 биле приведени а на 27 им бил одредена мерка притвор.

Каристофер Лауер, поранешен политичар на протестната Партија на пиратите и на Социјалдемократската партија, изгледа како да ги сумира најголемиот дел од реакциите во социјалните мрежи за постапките на полицијата и за употребата на изразот „Нафри“. Во изјава за новинската агенција ДПА тој потегот го нарече „ драматични предрасуди за цела група  луѓе, засновани на нивниот изглед“.

Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Boehm

Сатиричарот Јан Бемерман, кој стана познат и надвор од Германија во минатата година откако го разгневи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со навредувачка поема која ја прочита во неговата емисија, на Твитер праша: „Што точно е разликата меѓу Нафри и Негро“?, алудирајќи притоа на понижувачкиот збор за нарекување на црнците. 

Шефот на келнската полиција, Матис, истакна дека смета оти било погрешно изразот да се користи на социјалните мрежи, но остана на ставот дека е правилно луѓето од Северна Африка да се нарекуваат „Нафри“ , како дел од полицискиот жаргон. Тој притоа додаде дека се  разбира оти тој не верува дека сите Северноафриканци се криминалци.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми