Во Келн во последно време не одеше се‘ добро. Но, на Розенмонтаг градот се исперчи: додека Диселдорф и Мајнц ги откажаа карневалските поворки, Келњани му прокосат на невремето.
Реклама
Карневалот однесен од ветрот!
Песна, танцување: можеше да биде толку убаво, но невремето во повеќе градови им ја помати сметката на карневалистите. Повеќе карневалски поворки беа откажани, другите беа редуцирани.
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach
Откажан!
Розенмонтаг без карневалска поворка всушност е незамислив во карневалските метрополи. Но, бурата „Ружица“ со сила на ветрот од 10 степени според Бофоровата скала, во многу градови, како карневалските упоришта Мајнц и Диселдорф, ги „одвеа“ карневалите.
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach
Опасност од невремето
Одделни карневалисти му пркосат на невремето, како овој Индијанец во Диселдорф. Но, што би се случило ако се скрши гранка на дрво или биде одвеан дел од карневалските возила и падне врз луѓето? Одговорните во Мајнц и во Диселдорф со тешко срце се одлучија да ја откажат карневалската поворка.
Фотографија: Reuters/R. Orlowski
Зајадливи мотиви
Некои од карневалските коли со мотиви во Диселдорф беа паркирани на јавни места. Таму батем минувачите можат да ја видат канцеларката Меркел, „прегазена“ од бегалскиот бран.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini
Од сино кон кафеаво
Идејните творци на карневалски возила во главниот град на покраината Северна Рајна Вестфалија останаа верни на својата традиција и не пропуштија ниту една политичка бризантна тема. Овде е прикажано свртувањето в десно на политичката партија Алтернатива за Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Weihrauch
Синоокиот Трамп
И ова возило не помина низ Диселдорф, туку едноставно беше паркирано некаде. Што би рекол претендентот за кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ако се види во ваква верзија?
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini
„Камеле“ без крај
Во Мајнц карневалските возила останаа во халите. Тие беа подготвени за карневалската поворка, натоварени со колачи кои се фрлаат врз маскираните карневалисти. Не само децата, туку и многумина други се прашуваат: што ќе се случи сега со тоните „камеле“ (слатки)?
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. von Erichsen
Келн му пркоси на ветрот
Одговорните од Организацискиот комитте во Келн решија да ја стартуваат карневалската поворка, но без коњи, без големи фигури или знамиња. Инаку, важи мотото: Нема лошо време, постои само несоодветна облека.
Фотографија: Getty Images/V. Hartmann
Трпение и чевли отпорни на вода
Кај гледачите на цена се непропустливи чевли. Притоа, туркањето и натпреварот да се фатат повеќе „камеле“ (сталки), оваа година во Келн беше помало од обично.
Фотографија: Getty Images/V. Hartmann
Зголемена присутност на полицијата
Поради сексуалните напади во новогодишната ноќ во Келн и латентната опасност од терор, полицијата во Келн се реши на засилено присуство на улиците.
Фотографија: Getty Images/V. Hartmann
Шарени чадори
Непоправливите маскирани карневалски славеници не дозволуваат да им се помати расположението ниту од ветрот ниту од невремето или терористичката опасност. Чадори во живи бои и чаша келнско пиво, „келш“, одат заедно со песна.
Фотографија: Getty Images/V. Hartmann
10 фотографии1 | 10
Дури и кај најстраствените локал-патриотски настроени жители на Келн во последно време се јави двојба, но сепак, зрак надеж по темната новогодишна ноќ со сексуалните напади носеше помислата: наскоро доаѓа карневалот, а тој секогаш во Келн е извонреден. На денешниот Розенмонтаг, тоа се потврди. „Вива Колониа“ ечеше од илјадници грла, карневалистите танцуваа збиени еден до друг, се делеа бакнежи. Расположение на ниво, токму поради помислата дека можеби веќе е загубено. „Над Келн се смее сонцето, а на Диселдорф му се смее светот“, вака повторно Келњани му се потсмеваат на вечниот ривал Диселдорф, каде поради невремето кое се очекуваше, исто како и во Мајнц, беше откажана традиционалната карневалска поворка.