Киднапиран германец во Авганистан?
4 јули 2007Реклама
Германски државјанин исчезнал во Авганистан и најверојатно е киднапиран, потврди денеска Мартин Јегер, портпаролот на германското министерство за надворешни работи. Не соопшти други детали освен дека лицето не работело ниту за владата, ниту за хуманитарни организации, а не е ниту новинар. Се знае само дека инцидентот се случил во јужен Авганистан.