1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Киев: Русија започнува со новата офанзива на истокот

ЖА / дпа
18 април 2022

Русија, според наводи од украинскиот Генералштаб на армијата, започнала со очекуваната офанзива во источниот дел од Украина.

Ukraine Luhansk Separatisten Panzer Rückzug 2015
Фотографија: Alexander Ermochenko/epa/picture alliance

„Констатирани се знаци на почеток на офанзива во источната оперативна зона“, соопшти вечерва Генералштабот на украинската армија во Киев.

Притоа во прв ред станува збор за областите околу Харков и Доњецк. Од Исјум од областа Харков се очекува напад на руската војска во правец кон Барвинкове и Словјанск во Доњецката област.

И гувернерот на регионот Луганск, Сергиј Хајдај известува за  руски напади.  „Тукушто ја загубивме контролата врз градот Кремина, се водат улични борби“, изјави гувернерот, според кого веќе нема можност за евакуација на жителите на малиот град: „Секој час ситуацијата се влошува.". Во Кремина пред војната живвеле околу 18000 жители, од почетокот на руската агресија таму се останати уште околу 4000 мештани.

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

01:44

This browser does not support the video element.

За тешки борби се јавува и од градовите Рубишне и Попасна.

Советникот на украинскиот претседател, Олехсиј Арестович уште претходно информираше за напади на  руските сили  во правец на Хуљајполе во областа Запорожје, во југоисточниот дел од земјата. Таму наводно биле ангажирани околу 10000 руски војници.

Инвазијата на Русија врз  Украина трае повеќе од седум недели, а руската војска најави дека сега ќе се концентрира врз освојување на источниот дел од соседната држава.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми