1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ким се „распука“ и во новата година

СН/агенции
5 јануари 2022

Според Јапонија и Јужна Кореја, Северна Кореја истрелала најмалку еден проектил во морето за пробни цели. Испуканиот проектил најверојатно бил балистичка ракета.

NordKorea Raketentest
Фотографија: Yonhap/picture alliance

Северна Кореја денеска испука неидентификувана ракета кон своите територијални води во Источното море, соопштија јужнокорејската и јапонската војска.

Најновото лансирање следеше откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на конференцијата на владеачката партија минатата недела вети дека и натаму ќе ја засилува воената способност.

Генералштабот на Јужна Корејасоопшти дека утрово Северна Кореја испалила проектил кон своите источни води, не наведувајќи повеќе детали.

Ни јапонското Министерство за одбрана во соопштението не наведе детали. Соопштено е само оти Северна Кореја испукала нешто што веројатно било балистичка ракета.

Фотографија: Kim Hong-Ji/REUTERS

Меѓународно изолирана

Северна Кореја тестираше серија новоразвиено оружје во септември и во ноември минатата година, вклучувајќи и ракети со нуклеарна способност.

Повеќе: Има ли Северна Кореја хиперсонична ракета?

Одделни експерти велат дека земјата врши притисок на своите ривали да ја прифатат како нуклеарна држава и да ги ублажат меѓународните санкции во Северна Кореја.

Администрацијата на Бајден повеќепати повторуваше дека е отворена за продолжување на нуклеарна дипломатија со земјата „каде било и кога било“ без предуслови.

Сверна Кореја досега ги одбиваше таквите обиди, велејќи оти непријателството со САД останува непроменето.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми