1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ким Јонг Ун им се заканува на САД

ЖА/макфакс/афп/ртре2 април 2014

Ситуацијата на Корејскиот полуостров е сериозна, предупреди севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, заканувајќи се со нова нуклеарна проба. Тој прстот посебно го впери кон САД и Јужна Кореја.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун истакна дека тензиите пораснале по размената на артилериски оган меѓу војската на Северна и на Јужна Кореја.

Ким на состанокот со највисоката команда на војската ги обвини САД и Јужна Кореја за најновиот судир, тврдејќи дека овие две земји „ја погазија мировната понуда на Пјонгјанг“.

„Моменталната ситуација е многу сериозна“, рекол Ким, како што пренесе официјалната севернокорејска агенција КЦНА.

Ким, кој е врховен командант на Корејската народна армија, им рекол на високите воени функционери дека и покрај постапките за помирување што ги прави неговата земја, Вашингтон и Сеул продолжуваат и понатаму со воените маневри за кои Пјонгјанг смета дека се подготовка за инвазија над Северна Кореја.

„САД и останатите непријателски сили, ја игнорираат добрата волја и добродушност, со тоа што ги засилија маневрите со кои се подготвуваат да ја уништат нашата земја политички, да ја изолираат економски и да ја скршат воено“, рекол Ким.

Севернокорејската војска и народ „никогаш нема да ја толерираат американската непријателска политика и ќе ја уништат во потполност“.

Двете Кореи во понеделникот разменија оган на спорната западна поморска граница, откако, како што соопшти Сеул, за време на воените вежби севернокорејски гранати паднале во водите на Јужна Кореја.

Поради ваквата провокација Јужна Кореја возвратила со оган кон водите на Северна Кореја, а жителите на островот Јеонпјеонг, во близина на поморската граница, биле евакуирани за време на меѓусебната размена на оган.

Инцидентот се случи само еден ден по заканата на Појнгјанг дека ќе изведе „нов вид“ нуклеарна проба, мислејќи на мала боева глава за балистичка ракета.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми