„Ова не е само закана, туку реалност“, истакна Ким, според кого неговата земја ја достигнала историската цел да прерасне во атомска сила, која сега треба да премине кон масовно производство на проектили и нуклеарни боеви глави, кои ќе бидат употребени само ако безбедноста на земјата биде под закана.
Ким ја истакна потребата за намалување на воената тензија на Корејскиот Полуостров и изрази подготвеност на неговата земја за разговори со Јужна Кореја. Покрај тоа, Северна Кореја е подготвена да учествува на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
„Учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри ќе биде добра можност да го покаже единството на луѓето и да се надеваат дека истите се успешни. Претставниците на двете Кореи може да се состанат наскоро за да разговараат за оваа можност“, рече севернокорејскиот лидер.
Северна Кореја продолжува со развој на атомско оружје, постојано упатувајќи закани кон САД и Јужна Кореја. Меѓународно изолираната земја лани во септември тестираше хидрогенска бомба, која според јапонски проценки имала сила од 160 килотони, повеќе од десетпати посилна од атомската бомба која САД ја фрлија врз Хирошима во 1945. година. Во ноември пак, Пјонгјанг соопшти дека извршил проба на интерконтинентална ракета која може да стигне до секоја точка на копнената територија на САД. Советот за безбедност на ОН на 22 декември 2017 година ги заостри постојните санкции против Северна Кореја како одговор на најновите ракетни проби.
За што е способна севернокорејската армија?
Северна Кореја повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Тестирањето на интерконтиненталните ракети наидува на остри критики. Земјата има една од најголемите армии во светот. Но, продолжува да се вооружува
Фотографија: Reuters/KCNA
Меѓу најбројните армии во светот
Севернокорејската армија има 700 илјади војници и околу 4,5 милиони резервисти. Речиси секој петти жител на земјата е во војска. Сите мажи во комунистичкиот режим мораат да учествуваат во воената обука. Поради тоа, Северна Кореја има двојно повеќе војници од соседната Јужна Кореја.
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Jones
Различни воени орудија
Според податоците наведени во Глобалниот индекс за вооружување, Северна Кореја во 2017 година располага со 76 подморници, 5.025 тенкови и 458 борбени авиони. На оваа фотографија од 2013 година, лидерот Ким Јонг Ун е сликан во командната централа на армијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Воена парада
Севернокорејскиот режим секоја година ја демонстрира својата сила на воена парада во главниот град Пјонгјанг. Парадите воглавно се одржуваат за време на некој важен јубилеј на комунистичката земја или семејството Ким.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Интерконтинентални ракети
САД во четвртокот потврдија дека Северна Кореја успешно тестирала балистичка интерконтинентална ракета. Ракетата од типот „Хвасонг- 14“ е во состојба да ја погоди секоја цел во светот, јави државната новинска агенција КЦНА.
Фотографија: Getty Images/AFP/KCNA
Атомските проби продолжуваат
И покрај острите санкции, Северна Кореја продолжува со својата атомска програма. Само во 2016 година беа извршени пет нуклеарни проби. Јужнокорејскиот министер за одбрана Хан Мин Ко смета дека соседот наскоро ќе го изврши и шестиот тест.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Закана за светскиот мир
Кина и Русија се единствените земји кои се водат како сојузници на Северна Кореја. Режимот за главен непријател ја смета „империјалистичката сила САД“. Меѓу непријателите уште спаѓаат и Јужна Кореја и Јапонија.
Фотографија: Reuters/K. Hong-Ji
Крај на трпението?
По тестирањето на интерконтиненталните ракети на американското трпение му дојде крајот. Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да најде решение со своите сојузници од Г20. Кина и Русија, во секој случај, сакаат да спречат американски напади врз воени цели во Северна Кореја.