1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ким Јонг Ун призна целосно потфрлање во економијата

ЖА / агенции
6 јануари 2021

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на партискиот конгрес пречекан со овации, но не можел да се пофали само со големи успеси.

Nordkorea Kim Jong Un Parteikongress
Фотографија: KCNA/dpa/picture alliance

Поставените цели со петгодишниот економски план од 2016 година за земјата не се остварени во речиси сите области, изјавил Ким Јунг Ун според државните медиуми во својот воведен говор пред илјадници делегати на конгресот на владејачката работничка партија.

Ким, кој воедно е и лидер на Комунистичката партија, ветил дека таа ќе пронајде нов пат за постигнување голем скок нанапред, но како ќе изгледа тој, не е познато. Севернокорејскиот властродржец сепак не се задржал премногу на самокритики, без оглед на грешките, во својот говор ја истакнал прекрасната победа постигната од земјата во „јакнењето на нејзината моќ и глобален престиж". 

Балоните кои го разбеснуваат Ким

01:10

This browser does not support the video element.

Северна Кореја се наоѓа под интернационални санкции поради својата спорна атомска програма, што години со ред го кочи економскиот развој. Последиците на природни катастрофи, последно пандемијата на коронавирус минатата година дополнително ја отежнаа положбата на изолираната земја, која е една од ретките која досега нема пријавено ни еден единствен случај на Ковид-19. Северна Кореја ги затвори своите граници уште во почетокот на пандемијата на коронавирус, што има силен одраз и врз трговијата со Кина, најважниот трговски партнер и сојузник.

Слично како и на различни масовни партиски манифестации лани, и овојпат учесниците на конгресот не носеле заштитни маски против коронавирус. Конгресот официјално е највисокиот орган за донесување одлуки, но де факто тонот го дава Ким со своите советници. Партискиот собир на кој треба да биде усвоен нов петгодишен план, е прва ваква средба по пет години и осма во историјата на Северна Кореја.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми