1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ким Јонг Ун се појави во јавност

ЕМФ | агенции
2 мај 2020

Отсуството на севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун предизвика шпекулации околу неговото здравје. Сега Ким наеднаш се појави во јавност.

Nordkorea veröffentlicht neue Bilder von Kim Jong-Un
Фотографија: picturealliance/AP Photo/KCNA

Ким Јонг Ун исчезна од јавноста пред околу три недели. Сега севернокорејскиот властодржец, според ифнромациите на државните медиуми во земјата, повторно се покажал во јавност. Тој вчера учествувал на свеченост по повод отворањето на една фабрика за ѓубрива, северно од Пјонгјанг.

Весникот „Родонг Синмун“ објави фотографии од Ким, на кои е прикажано како тој во темен Мао-костум сече црвена лента, или со насмевка се шета обиколен од функционери.

Повеќе:

Загатката во врска со Ким Јонг Ун нема расплет

Ким Јонг Ун е во критична здравствена состојба?

Американскиот претседател Доналд Трамп на молбата да го искоментира појавувањето на Ким, рече: „Се’ уште не би го коментирал тоа.“ Трамп додаде дека ќе има изјава кога ќе биде време за тоа.

Насмеаниот Ким во новата фабрика за ѓубрива северно од ПјонгјангФотографија: picture-alliance/dpa/KCNA

Настапот на Ким, според набљудувачите, би можел привремено да им стави крај на шпекулациите околу неговата здравствена состојба. Медиумите контролирани од страна на државата 20 дена не известуваа за јавни активности на властодржецот. Шпекулациите дека Ким е сериозно болен се зацврстија особено откако тој не се појави на свеченостите по повод роденденот на својот дедо и поранешен лидер на Северна Кореја, Ким Ил Сунг, на 15 април во Пјонгјанг.

Сега севернокорејските медиуми не наведуваат причина за исчезнувањето на Ким.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми