1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина дозволи „семејство со три деца“

СН/агенции
31 мај 2021

Кина реагира на стареењето на нејзиното население со драстична промена во семејната политика. Во иднина на двојките ќе им биде дозволено да имаат до три деца.

China Familie
Фотографија: Xinhua/imago images

Кинеските власти денеска најавија дека на секоја двојка ќе и' биде дозволено да има максимално 3 деца, со што се менува досегашната политика која сопружниците ги ограничуваше на најмногу две деца.

Оваа мерка, која ја потврди и Политбирото на Комунистичката партија на Кина на неодамнешната седница со која претседаваше претседателот Си Џипинг, е одговор на власта во Пекинг на најновите истражувања кои покажаа дека во Кина дошло до драматичен пад на наталитетот.

Од кога треба да важи дозволата за „семејство со три деца“, сѐ уште не е познато. 

Фотографија: Si Wei/Costfoto/picture alliance

По децениската политика на едно дете, Кина се соочува со демографски предизвици. На почетокот на мај се објавени резултатите од истражувањето кои покажаа дека во последната деценија е забележан најбавен раст на популацијата од 1950-тите години. Населението во најнаселената земја во светот се зголеми само за 5,38 проценти на 1,41 милијарди во изминатата деценија.

Повеќе:

-Кинеското население се намалило за првпат по 7 децении

-Парична казна поради трите деца

-Кина ја менува „политиката на едно дете“

Тоа го зголеми притисокот врз властите Пекинг да ги засилат мерките двојките да имаат повеќе деца и да го спречат падот на бројот на населението.

Фотографија: picture-alliance/Zumapress/K. Tsuji

Кинеските статистики, објавени на почетокот на месецот, покажаа дека во минатата година се родени околу 12 милиони деца, што е значителен пад во однос на 18-те милиони во 2016 година и најмал број родени забележан од 1960-тите години.

Статистички гледано, една жена раѓа 1,3 деца. Тоа е на исто ниво со општествата што стареат, како што се индустриски развиените земји Јапонија и Италија. Доколку трендот продолжи, втората по големина економија во светот веројатно ќе се соочи со неповратно опаѓање на населението.

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми