1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина затвора интернет страници

Жана Ацеска/ С. Недевски31 март 2012

По гласините за обид за пуч, кинеските власти презедоа опсежна акција против интернет страници и портали за кратки вести на интернет.

Фотографија: DW

Во Кина се затворени повеќе интернет страници поради ширење на гласини за политички немири во земјата. Популарните портали на кои се објавуваат мини-блогови, Сина Веибо и Тенцент КуКу под притисокот на властите ја блокираа можноста за онлајн-коментари. Според државната агенција Ксинхуа, покрај тоа се затворени 16 интернет страници, а шест лица се уапсени поради „производство и ширење на гласини“ особено преку интернет порталите за кратки вести.

Претставник на власта изјави дека двата интернет портали се критикувани и казнети за ширењето политички штетни информации, кои предизвикуваат „нездрави социјални последици“. #

Гласините околу државен удар настанаа откако кон средината на март беше отпуштен амбициозниот и харизматичен политичар Бо Ксилаи како шеф на Комунистичката партија во југозападната метропола Хонгквинг. Отказот предизвика расцеп во партијата, а аналитичарите падот на моќниот член на Политбирото го толкуваа како индиција за можна борба за превласт и идеолошки превирања зад кулисите на партијата. Гласините следат по долгите натегања во Кина околу новата раководна генерација.

За можноста од пуч известуваа и меѓународните медиуми. Наводно, во Пекинг се забележани движења на „воени возила и таму нешто оди наопаку“. Но, јасни знаци за невообичаени движења на трупите во Пекинг од почетокот на гласините за пуч минатата недела не се забележани.

Во Кина владее строга цензура на интернетот. Порталите за кратки вести се можност за милиони Кинези да го изразат своето незадоволство од владата, државните служби и Комунистичката партија. Во Кина постојат околу половина милијарда интернет корисници. Повеќе од 300 милиони од нив имаат кориснички конта кај порталите за кратки вести. Официјален Пекинг пред се‘ стравува од прелевање на Арапската пролет во земјата. Во протестното движење во бројните арапски земји важен фактор беа социјалните мрежи на интернет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми