1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина и „владеењето на правото“

Кристоф Рикинг/ А.Трајковска20 октомври 2014

Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина се среќава на својот четврт пленум. На него треба да стане збор за правниот систем.

Фотографија: Reuters

Она што се случуваше на крајот на минатата недела во југозападната провиниција Јунан беше крвава драма. Една гневна група селани навлезе на едно градилиште и ги нападна работниците. Напаѓачите врзаа осум работнции и ги запалија мажите. Полицијата употреби гумени палки и солзавец, за да ја стави ситуацијата под контрола. Тажниот биланс на судирот: шестмина работници и двајца селани се убиени. 18 луѓе беа повредени. Локалните медиуми известуваа дека жителите на селото се чувствувале дека биле изоставени при градежниот проект. Тие се жалат дека не им била платена доволна отштета за нивното земјиште.

Недостиг на доверба во правосудството

Во Кина честопати доаѓа до вакви судири за земјиште. Додуша најчесто биле ставени на располагање високи суми за обештетување. Локалните власти меѓутоа биле корумпирани и на парите им се губи трагот. Бидејќи влијанието на локалните влади врз правниот систем е големо, недостасува доверба во судовите и со тоа ефективно средство, за решавање на вакви конфликти. Како последица на тоа, ваквите судири постојано завршуваат со насилство.

Но можеби ова би можело да се смени. На почетокот на неделава се среќава топ-кадарот на кинеската Комунистичка партија - Централниот комитет - на конференција. Фокусот на четвртиот пленум на 18. Централен комитет треба да биде врз правниот систем. Набљудувачите шпекулираат дека со реформа на правосудството би можела да се ограничи власта на локалните власти врз правниот систем.

Во судири во провинцијата Јунан загинаа осум луѓеФотографија: Reuters/Wong Campion

„Мотивација за реформи на владата е тоа што во Кина има сѐ повеќе масовни конфликти во сите провинции“, вели Жу Ји од Меркатор институтот за студии за Кина (Мерикс). „Тоа го кажа уште поранешниот претседател Ху Џинтао и Ши Џинпинг исто така вели дека тоа би можело да биде крај на партијата ако нема мерки за реформи“. Владата е свесна за проблемот, вели Жу. „Прашањето е кои мерки во крајна линија треба да бидат воведени, за да се промени самоволието и злоупотребата на власта на локално ниво“.

Според податоците на Хјуман Рајтс Воч, во Кина секојдневно има од 300 до 500 протести. Зголемениот број на конфликти се поврзани со растечката приватна сопственост на луѓето и со кинеските процеси на глобализациија, вели Жу. „Свеста за праведност кај кинеското население расте и пред сѐ се сака од општествена перспектива да се применат правото и законите, за да се заштитат приватните права во однос на државата“.

„Владеење на правото“ наспроти правната држава

Комунистичката партија досега не наведе детали за реформа на правосудството. Во официјалните објави се говори за тоа дека на пленумот ќе се разговара за „владеењето на правото“. Принципот „владеење на правото“ е „морален, ако земајта сака да постигне економски развој, коректно владење, културни процути и чиста животна средина“, пишува новинската агенција Ксинхуа.

Жанг Минг, правник од народниот универзитет, нагласува дека поимот „владеење на правото“ не би смеело да се спореди со западното сфаќање на правната држава. „При правната држава станува збор во прва линија, владата да треба да го следи законот. Но, во кинеската традиција секогаш било така, правосудството да служи пред сѐ за тоа, да се владее народот“. Тоа нема да се смени така брзо преку реформа на правосудството. „За да се промени тоа, претстои уште долг пат пред нас“, вели Жанг. Жу Ји во Мерикс има слично гледиште. „Не станува збор за поделба на власта, не станува збор за уставна државност. Целта е зајакнување на правосудството како инструмент за владеење“.

Шефот на партијата Ши ЏинпингФотографија: Reuters

Правото како инструмент за владеење

Што тоа може да значи покажуват правните процеси против противниците на владата. Носителот на Нобеловата награда за мир Лиу Ксиабо во 2009 година беше осуден на единаесет години затвор поради наводно „поткопување на државната власт“. Уште полошо беше за ујгурскиот борец за човекови права Илхам Тоти. Суд во Пекинг го осуди поради наводен сепаратизам на доживотна казна затвор. Двата процеси предизвикаа меѓународна критика.

Носителот на Нобеловата награда за мир Кисабо е осуден на единаесет години затворФотографија: picture-alliance/dpa

Жу Ји оценува дека при можната реформа на правосудството пред сѐ ќе стане збор за технички мерки. Тие би можеле во одредени области да донесат одредени подобрувања. „Но, реформата на правосудството нема да биде суштинска“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми