1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Кина лансираше супер-ракета во вселената

СН/ агенции
4 ноември 2016

Кина посега по ѕвездите: со голема гордост земјата во вселената ја лансираше својата досега најголема ракета-носач. Таа е предуслов за изградбата на кинеска вселенска станица и за летови кон Марс и Месечината.

China Rakette wird in den Weltraum geschossen
Фотографија: REUTERS/China Daily

„Долгиот марш 5“ гласи името на новата ракета. Таа својот пат кон вселената го започна од космодромот во Венчанг на островот Хајнан во југоисточна Кина. ракетата е во состојба во Земјината орбита да транспортира товар од 25 тони  и со тоа е досега најмоќната ракета-носач која ја конструирала Кина. Лансирањето на 57 метри долгата ракета е важен чекор напред на патот кон планираната кинеска вселенска станица.

Според проценките 100 илјади луѓе го проследија лансирањето на „Долгиот марш 5“ на лице место. Ракетата припаѓа кон најновата генерација од успешното семејство „Долгиот марш“. Со неа Кина во иднина ќе може во вселената да транспортира поголеми цивилни и воени сателити.

„Долгиот марш 5“ лансиранa во вселената

00:43

This browser does not support the video element.

Таа во 2018 година во вселената треба да го однесе основниот модул „Тианхе 1“ (Небесна хармонија).   Без 'Долгиот марш 5' не може да има вселенска станица, велат експертите. Истотака не може да има ниту роботски мисии кон Месечината и Марс. Секој нов вселенски проект започнува со лансирањето на ракета.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми