Кина лута на Вашингтон поради приемот на Далај Лама
17 октомври 2007Реклама
Кина е лута поради приемот на тибетскиот водач Далај Лама кај американскиот претседател Џорџ Буш. Портпарол на министерството за надворешни работи изјави дека тоа е мешање во внатрешните работи на Кина. Државниот весник „Чајна Дејли“ предупреди од влошување на американско – кинеските односи. Буш синоќа го прими верскиот водач, на разговори очи в очи. Новинарите и камерите немаа пристап до средбата во Белата куќа. Денеска Далај Лама во американскиот конгрес треба да прими и орден за заслуги поради ангажман за мирот, борбата против насилство и за заштита на човековите права. Кина обвинува Далај Лама за сепаратизам.