1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина претпочита просперитетна Европа

СН/ агенции
8 април 2019

Бројни критичари сметаат дека Кина сака да внесе раздор во Европа. На тоа му противречи кинескиот премиер, Ли Кечијанг, во изјавата пред утрешниот самит ЕУ-Кина во Брисел.

China Nationaler Volkskongress | Li Keqiang, Ministerpräsident
Фотографија: Reuters/J. Lee

„Ние во целост го поддржуваме европскиот интеграциски процес и се надеваме на една обединета и просперитетна Европа“, напиша кинескиот премиер Ли Кечијанг во текстот објавен во германскиот економски весник Ханделсблат. Интензивна соработка на Пекинг со источноевропските земји е „корисен за рамномерен развој во рамки на ЕУ, поттикнува единство на ЕУ и претставува корисен додаток на односите меѓу Кина и Европа“, пишува во својот гостински коментар Ли Кечијанг.

Тоа е негов одговор на забелешките дека со развојот на специјална соработка со некои земји од средна и источна Европа Кина всушност сака да ја подели ЕУ.

Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Baumgarten

Приближување во Брисел?

Кинескиот премиер е уверен дека заедничките интереси на Кина и Европа ги надминуваат разликите кои, исто така, постојат.

Повеќе:

-Стравот од Кина ја турка ЕУ кон единство

-Пат на свилата: Кина има план и нема да се откаже

Истовремено, тој најави подготвеност на својата земја да соработува на различни полиња, „на пример, во примена на одредницатата од договорот од Париз за климатските промени, во поттикнување на одржливиот развој, во придржување кон одредницата од договорот за атомска енергија со Иран и во борбата против тероризам“. Покрај тоа, Кина го поддржува и интензивниот дијалог во врска со прашањата за реформа на Светската трговска организација.

Фотографија: Reuters/A. Song

Од друга страна, западните дипломати нагласуваат дека постојат значителни разлики во ставовите на двете страни. Тие дури не ја исклучуваат ни можноста средбата на врвот да биде завршена без вообичаена заедничка изјава. Причина се разликите во мислењата во врска со темите како трговија, инвестиција и заштита на малцинските права.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми