Никогаш досега вселенски брод од Земјата не слетал на темната страна на Месечината. Кина сега таму испрати сателит. Доколку успее амбициозниот проект, од таму на Земјата треба да се носат примероци од камења.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Cai Yang
Реклама
Кина денеска лансираше релеен сателит кој ќе овозможи комуникација меѓу Земјата и мал робот кој во текот на годинава треба да стигне на малку истражената темна страна на Месечината, соопшти кинеската вселенска агенција. Ракетата со сателитот полета рано наутро по локално време од космодромот во Сичанг, на југоистокот на Кина, наведе агенцијата.
Кина и темната страна на Месечината
00:35
This browser does not support the video element.
Откако малиот робот за околу шест месеци ќе стигне на Месечината, денеска лансираниот сателит треба да биде поставен во орбитата на Месечината, така што ќе овозможи комуникација со научниците на земјата, додека роботот ќе фотографира досега малку истражени делови на темната страна на Земјиниот сателит.
Фотографија: Getty Images/NASA
Кина вложи милијарди евра во својата вселенска програма и тоа во координација со армијата. Централен дел на програмата е истражувањето на Месечината, кое вклучува и прво стапнување на Кинез на Месечината. Според плановите тоа би требало да се случи најдоцна до 2030 година.
Супер Месечината го осветли светот
Најсветлата Месечина во последните 69 години го осветли небото ширум светот неделава. За набљудувачите на ѕвездите вистинско уживање. Уживајте во спектакуларните фотографии од несекојдневната убавина.