Доналд Трамп неодамна водеше историски телефонски разговор со тајванската претседателка, а сега ја доведе под прашање и политиката за единствена Кина. Пекинг реагира со отворена закана.
Реклама
Кинеските државни медиуми во своите критички коментари го потсетуваат американскиот претседател дека т,н. политика за една Кина во оваа држава не е „предмет за пазарење“. Еден надворешнополитички експерт новоизбраниот американски претседател го оценува како дипломатски незрел: „Затоа, мора јасно да му укажеме на сериозноста на проблемот и да извршиме притисок врз него“, изјави Ли Ксаидонг, професор на Универзитетот за надворешни работи во Пекинг. Прашањето за Тајван не е предмет на преговори. Трамп за дипломатијата знае колку и едно дете. Ако тој во прашањето за Тајван воведува отворено промена на политиката, мора да биде подготвен на вистинска бура, потенцира експертот.
Отворени закани
Кина би можела да се сврти кон „силите кои се непријателски расположени кон САД“, доколку Трамп отворено ги поддржува стремежите на Тајван кон независност или сака да ги зајакне испораките на оружје од САД за островот. Пекинг би можел отворено да поддржува вакви држави или тајно да им продава оружје, шпекулира весникот „Глобал Тајмс“. Во интервју за „Фокс њус“ идниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека целосно ја разбира досегашната американска политика на признавање на владата во Пекинг за единствена за цела Кина. Но, тој не разбира зошто САД би морале да останат врзани за „политиката на една Кина“, сѐ додека со Кина не бидат постигнати договори за други работи, на пример за трговијата. Тој побара отстапки од Кина во нејзината трговска, монетарна и надворешна политика.
Политика за една Кина од 1979 година
САД во рамките на својата политика за приближување кон Кина во 1979 година ги прекинаа дипломатските односи со Тајван и владата во Пекинг ја признаа за единствена за цела Кина, што се означува како „политика за една Кина“. Трамп уште претходно ги разбранува духовите со телефонскиот разговор со тајванската претседателка Тсаи. Комунистичкото раководство во Кина Тајван го смета за „одметната“ провинција и се заканува со негово насилно враќање. Според Пекинг, Тајван е неразделен дел од Кина. Според оваа логика, Пекинг бара другите земји да не воспоставуваат дипломатски и други официјални односи со демократската островска држава, доколку сакаат нормални односи со Кина.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis