1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина 15 години од Тјен ан мен

4 јуни 2004

Денес е 15 годишнина од студентските протести во Кина. Пред 15 години, илјадници студенти излегоа на плоштадот Тјен ан мен во Пекинг за да изразат протест заради недостаток од демократија во Кина

Студенти на протестот
Студенти на протестотФотографија: AP

Демонстрантите беа прегазени од тенкови, а демократските стандарди во Кина останаа во втор план. Запад на Кина и ги простува кршењета на човековите права на најмногубројната држава во светот , особено кога кинеското раководство ќе им додели на западни комапнии некои ексклузивни бизнис договори. Кина, 15 години подоцна, пренесуваме сеќавања на деновите кога движењето за демократизација на Кина беше задушен со најбрутална употреба на сила.

“ Тоа не беше демократско движење, туку демонстрација на студенти на кои подоцна им се приклучија и граѓани“

Со ваква изјава, познатата публицистка и позната критичарка на режимот, Даи Куинг, пред кратко време, предизвика жешка расправа меѓу кинеските интелектуалци. Пред 15 години, таа свати дека постои голема опасност од ескалација и на многу пати се обидуваше да ги натера студентите да се повлечат од плоштадот на небескиот мир. Денес, таа кривицата пред се ја префрла на радикалната предводничка на студентите Чаи Линг, која во протечената крв виде можност за стекнување политички капитал. Остар напад, на кој Чаи Линг не се ни обиде да возврати. Таа е сега мажена за Американец и со него води една интернет фирма, а за дисидентската сцена, веќе не сака ни да слушне.

За Вонг Јунтао, кој од страна на кинеската влада е означен како “ црна рака“ на таканаречениот “ инцидент од 4 јуни“, заради кој помина 5 години во затвор, резултатот од трагичната пресметка двобој преставуваше судир меѓу две ралични реформски сили.

“ Тогаш постоеа две струи во партијата. Едните беа конзервативци маоисти и сталинисти. Втората струја е формирана од страна на реформистите околу Денг Јаопинг, кои се залагаа за економски реформи. Третата сила, ја сочинуваа либералнте реформатори, кои се залагаа за суштински реформи, кои бараа и промени на политичкиот систем. Демократското движење, по мене беше голема трагедија, заради тоа што дојде до судир на планот на економските и политичките реформи. Ако некои проблеми тогаш подобро се решеа, немаше да дојде до таков судир“

Факт е дека поразот на Движењето Кина, за долг низ години ја осуети политичката либерализација. Ова го потврдува и Ванг Дан, кој е познат како мек студентски лидер со харизма, кој после повеќегодишна казна затвор замина во САД, од каде продолжи да се бори за граѓанските права и демократијата во Кина.

Денес, треба да се наведе само еден случај на апсење, оној на Јанг Зили, од пред две години. Во присуство на неколку студенти се дискутираше за политички реформи и тоа не јавно. Заради тоа, подоцна беше изречена казна во траење од десет години. Ова потврдува дека постојат тешки повреди на човековите права и пресметка со оние кои мислат поинаку. На тоа поле Кина, отиде чекор назад.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми