1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинезите и нудат надеж на Југоисточна Европа

Франк Сирен/превод:бг16 декември 2014

Кина великодушно инвестира во Централна и Источна Европа, а доколку дојде до некоја кризна ситуација, регионот, без сомнение ќе ја покаже својата благодарност, смета Франк Сирен

Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Brey

Пекинг многу добро знае да ги препознае празнините на светскиот економски пазар и на тој начин да го зајакнува статусот на Кина на меѓународната сцена. Оттука и неговиот интерес во повеќе држави од Источна и Југоисточна Европа. Додека Брисел, Берлин и Париз си играат опасни игри со Москва, Пекинг на теренот потпишува нови инвестициски договори.

Неделава се одржува третиот самит на Кина со 16 централно и источно европски држави во Беград. Кинескиот премиер Ли Кечианг е подготвен да потпише серија нови договори за соработка со овие земји. Пет од вкупно 16 земји учеснички на самитот воопшто и не се членки на ЕУ- и тоа е една од дополнителните причини зошто Албанија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Србија со особена благонаклоност го прифаќаат ова политичко и економско влијание.

Страв во Брисел

Но нивната растечка соработка со Кина почнува да му пречи на Брисел. ЕУ политичарите со загриженост констатираа дека во пресрет на самитот, кинескиот премиер најави удвојување на соработката со земјите од овој регион до 2018 година. Минатата година размената веќе достигна 60 милијарди долари.

Речиси незабележана од Западот, кинеската влада во последните две години инвестираше милијарди во регионот, притоа градејќи си нови пријателства. Речиси ниту една земја од регионот не е во состојба да финансира сопствени инфраструктурни проекти- од поправка на мостови до подобрување на железничката мрежа или модернизација на телекомуникацискиот сектор. Дури ни оние земји кои се членки на ЕУ. Поради економската криза, од Брисел добиваат многу малку. Без кинеска помош, нивните шанси да застанат на нозе се многу мали.
Откако Ли Кечианг најави кредити во вредност од 10 милијарди долари за финансирање на инфраструктурни проекти следната година, не е ни чудо што овие маргинализирани држави се чувствуваат како да доаѓа „златна треска“.

Франк СиренФотографија: Frank Sieren

Новиот „Пат на свилата“

Освен ветените кредити, овие земји можат да се надеваат дека ќе профитираат и од плановите на Кина да финансира „нов Пат на свилата“, истурајќи милијарди долари во проекти кои треба да ги заживеат интерконтиненталните патишта и поморските рути низ централна Азија. На долг рок, Пекинг сака по секоја цена да ја намали кинеската зависност од поморските линии на кои доминираат европските транспортери, и притоа да отвори нови пазари за кинескиот извоз. Тоа секако ќе има висока цена, бидејќи проектот предвидува купување и изградба на пристаништа, патишта, пруги, телекомуникациски мрежи и електрани.

Кинезите досега само во Србија инвестираа околу две милијарди долари, финансирајќи ја изградбата на мост преку Дунав (на насловната фотографија), како и модернизацијата на пругата меѓу Белград и Будимпешта. На Црна Гора, земја со 620 илјади жители, ветени и се 690 милиони долари за изградба на нов автопат, а на Македонија 375 милиони долари за проширување на автопатот во западниот дел на земјата. Не е ни чудо што Никола Груевски, македонскиот премиер, и пее пофалби на Кина и ги најавува „најголемите инвестиции во инфраструктурата во последните 50 години“- и сето тоа не се случува благодарение на ЕУ.

Расте стравот дека инвестициите на Пекинг ќе му донесат растечко влијание и ќе предизвикаат поделби во ЕУ. Во иднина, дел од членките на ЕУ нема лесно да прифатат доколку ЕУ одлучи да воведе анти-дампинг регулатива против Кина. Многу е веројатно дека тие побрзо ќе застанат во одбрана на својот богат пријател од Азија, наместо на своите „ситничави“ роднини во Европа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми