Кинеската понекогаш опасна наклоност кон јадење диви животни
Данг Јуан
7 април 2020
Се претпоставува дека коронавирусот потекнува од животни на пазар во Кина. Јадење диви и за други култури „табу-животни“ има долга традиција, прв чекор контра е забраната за трговија со месо од кучиња и мачки во Шенжен.
Реклама
Еден посетител од Кина, по своето враќање од Германија со воодушевување раскажувал колку голем е „изборот на месо од мачки и кучиња“ во германските супермаркети. Тој не забележал дека се наоѓал во одделот за храна за домашни животни. Овој виц, од категоријата интеркултурни разлики, често се слуша, а значи потврда на една од бројните предрасуди кои Германците ги имаат кон Кинезите: во Кина се јадат кучиња.
Впечатокот не е сосема погрешен, но месото од кучиња не се јаде низ цела земја и не е во никој случај на менито во сите ресторани. Четвороношците, кои најчесто се одгледуваат дома, се составен дел претежно на регионални кујни. Но, откако расте омиленоста на кучињата и мачките како домашни животни, се‘ погласна станува критиката против јадење на „најдобриот човеков пријател“. На пример во Јулин, град во југозападна Кина. Таму од 2009 година, по повод доаѓањето на пролетта, секоја година се одржува „фестивал на кучешко месо“. Тоа ги алармираше активистите за заштита на животните. Затоа, градот Јулин во 2017 година забрани продажба на кучешко месо. Но, активисти на Здружението за заштита на животните и натаму регистрираа трговија и јадење кучешко месо. Тоа ја покажува суштината на проблемот: законите се едно, примената е друго.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Забрана за трговија со диви животни
По избувнувањето на епидемијата на коронавирус во централно кинеската провинција Хубеи, кинеската влада во брза постапка на крајот на февруари донесе и закон за забрана за ловење, транспорт, трговија и конзумирање диви животни. Исклучок се „веќе етаблираните животински видови“, како гулаби и зајаци. Научниците тогаш претпоставуваа дека лилјаци се изворот на, во меѓувреме, низ цел свет раширениот коронавирус.
Дека вирусите размножени од диви животни преминуваат на луѓето, не е ништо ново, ниту кинеска специфика. Уште во 2008 година германскиот виролог Кристијан Дростен, по епидемијата на САРС, во рамките на еден истражувачки проект откри дека присуство на коронавирус може да се докаже и кај германските лилјаци.
Но, проблемот е што преку конзумирање или уништување на животниот простор настануваат се‘ почести контакти меѓу дивите животни и луѓето. Светската заедница од таа причина мора итно да донесе забрана за пазари за продажба на диви животни, за во иднина да се избегнат пандемии, истакнува и Елизабет Марума Мрема, генерален секретар на Конвенцијата на ОН за биодиверзитет, во интервју за британскиот весник „Гардијан“. Кина инаку не е единствен пример за ваков вид опасности. Еболата во Западна Африка, или вирусот нипах во Малезија, исто така преминаа од диви животни врз луѓе.
Контра традицијата
Сегашните мерки донесени во Кина се спротивни на традицијата. Дека дивите животни се омилена состојка на кинеската кујна, знаеме уште од филозофот Менгци. Познатиот наследник на Конфучиј живеел во третиот вел по Христос. Во неговите филозофски списи, тој ја опишува тежината на одлуката: „Јас сакам да јадам риби, но и мечкини шепи. Ако не можам да ги обединам двете, ги изоставам рибите и се одлучувам за шепите од мечка. Го сакам животот, ги сакам и должностите. Ако не можам да ги усогласам едното со другото, се придржувам кон должноста.“
Мечкините шепи, според кинеската традиција, спаѓаат во „осумте деликатеси“. Животните и растенијата од „осумте деликатеси“, исто како и многу други, се составен дел и на традиционалната кинеска медицина, ТКМ, и тие веќе со илјадници години се сметаат за лековито средство. Дејството се базира врз пренесено искуство. Но, модерната медицина може да докаже извесно дејство само кај одделни вакви домашни лекови од лековити билки и животински производи.
Лекарите кои ја применувале традиционалната кинеска медицина, во рекламни цели, на суптанциите им давале многу ветувачки имиња. Така на пример, изметот од лилјаци го именувале како „Ye Ming Sha" , во превод нешто како „драгоцен песок, кој свети во ноќта“. Традиционалните медицинари не можеле да знаат дека од изметот демнат животно опасни вируси врз пациентите. Како општо правило важело: колку е поретка супстанцијата, толку е поголема нејзината омиленост. Тоа го покажува и илегалната трговија со рогови од носорози.
Ловците и гладот
За прифаќањето на дивечот на трпезата, Кина треба да ѝ заблагодари на последната царска династија Кинг (1644-1919). Полуномадскиот народ Џурџи, по потекло од Манџурија, го внесол месото од диви животни во кинеската кујна, пишува кинескиот етнолог Веи Шиухуа, во неговата книга за конзумирање дивеч. Тој го цитира класичниот роман „Сонот на Црвениот град“ од 18 век, во кој е опишано дека при една свечена вечера по повод настапувањето на прoлетта на трпезата се нашле 30 елени, 50 антилопи, 50 срни, 20 диви свињи, 20 диви кози, 20 пара мечкини шепи, 50 парчиња срнечки јазици и многу други деликатеси.
По основањето на Народна Република Кина во 1949 година, земјата била погодена од тригодишна суша. Потоа следеле фатални политички одлуки од страна на Мао Цетунг, кои за последица имале до 45 милиони жртви од глад. Во ситуација на голема беда, луѓето јаделе се‘ што можеле да најдат.
Крај на недостигот од храна
Дури во изминатите 30 години од Кина исчезна сиромаштијата, како последица на брзиот економски развој. Но, со растечкиот стандард, расте и конзумот на дивеч. Тој стана статусен симбол. Во меѓувреме има и силен развиен пазар на трговија со диви животни.
Кога градот Шенжен најави дека од 1 мај 2020 година ќе го забрани користењето месо од мачки и кучиња за човечка храна, на социјалните мрежи имаше и критики, во прва линија од производителите на кучешко месо. Еден од нивните аргументи гласи: градот Шенжен на овој начин се откажува од важен дел од кинеската култура на исхрана.
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Забранетиот град е напуштен, а делови од Кинескиот ѕид се затворени. Коронавирусот ги принуди врвните туристички атракции во Кина да ги затворат своите порти, бидејќи културните настани се откажани или стопирани.
Фотографија: AFP/G. Baker
Глобално влијание
Епидемијата на коронавирусот создава последици за меѓународните културни настани. Уметничкиот саем „Арт Базел Хонг Конг“ е откажан. Кина го намали своето учество на 70-тиот меѓународен филмски фестивал во Берлин. Исто така, беше откажан и новогодишниот концерт на кинеската национална опера во Берлин, музичарите и изведувачите не смееја да заминат од земјата поради кризата со коронавирусот.
Фотографија: Getty Images
Затворено за туристите
Вообичаено, голем број туристи се шетаат низ Забранетиот град. Сега, овој турист ја има само за себе Империјалната палата во Пекинг. Таа е изградена од 1420 до 1644 година, се смета за архитектонско ремек-дело, а од 1987 година е дел од светско наследство на УНЕСКО. Првично бил седиште на династијата Минг, а подоцна и на династијата Кинг, и таму живееле императорот и неговите дворјани.
Фотографија: AFP/G. Baker
Туристичките атракции на чекање
Дизниленд во Шангај засега ги затвори вратите кон Волшебното кралство. Избувнувањето на коронавирусот се засили на почетокот на кинеската Нова година. Последователните карантини и патни ограничувања предизвикаа да пропадне годишниот прилив од патувањата за одмор во и до Кина. Минатата година индустријата пријави промет од 71,5 милијарди евра само за време на еднонеделните празници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Kyodo/Maxppp
Нема пристап
Во борбата против коронавирусот, кинеските власти не се двоумеа да ги затвораат и историските знаменитости. Делови од Големиот ѕид во Кина, моќниот симбол на земјата, се затворени. Делот од ѕидот во Бадалинг, северен Пекинг (на фотографијата горе), кој е многу популарен кај туристите, е затворен. Затворени се и гробниците на династијата Минг и на пагодата Јиншан.
Фотографија: Reuters/C. G. Rawlins
Танцот на змејот
Пролетта 2019 во Шенјанг: Танчерска група го изведува танцот на змејот по повод фестивалот Лонгтаиту, кога Кина го прославува вториот ден од вториот месец во кинескиот лунарен календар. Познат е како „денот кога змејот ја крева главата“, а земјата и природата ја повраќаат силата. Годинава, тој паѓа на 24 февруари, но епидемијата од коронавирусот би можела да ги спречи славеничките манифестации.