Кинескиот вселенски брод се врати на Земјата
29 јуни 2012Кинескиот вселенско летало Шенжу-9 со тричлен екипаж, по 13-дневна мисија се приземји во севернозападниот дел на Кина. Во оваа мисија учествуваше и првата Кинеска која одлета во вселената, Лиу Јанг. За време на речиси двонеделниот престој во вселената таа била задолжена пред се’ за медицинските експерименти.
Астронаутите извршиле и низа експерименти за време на престојот во вселената. Во текот на изминатата недела Кина успешно реализираше мануелно поврзување на Шенжу-9 со модулот Тијангонг-1, кој веќе кружи во орбитата на Земјата. Двата вселенски брода се движеа со брзина од 28.000 километри на час, а постоеше ризик да се распаднат, доколку се судрат.
Маневарот се сметаше за важна етапа за кинеската програма за вселенски летала и предуслов за поставување на вселенска станица. Целта на Пекинг е да ја постави своја постојана орбитална станица до 2020. година. Досега Кина изведе четири мисии во вселената, во кои учествувале и астронаути.