1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинески центар во Диселдорф

31 мај 2005

Кога станува збор за трговијата со Кина, Хамбург во Германија е број еден. Градот го има големото пристаниште како врата кон светот и партнерството со Шангај, кинескиот бум град. Сепак, ниту конкуренцијата не спие. Станува збор за Диселдорф. Градот нема само голема азиска заедница и сојуз со Чонкинг, најнаселениот град во светот. На Рајна треба да се роди кинески стопански центар, можеби најголемиот во Европ

а.

Веи Луанг со своите мудри планови до сега имаше успех. Кинезот што живее во регионот на Рур на тој начин стана и меѓународно познат. Имено, купи една коксара во Дортмунд, ја демонтира и повторно ја состави во Кина. Така влезе во бизнисот на покривање на огромните кинески потреби од суровини. Сега има нова намера. На Рајна сака да изгради најголем „Кинески центар„ во Европа, за фирмите од Далечниот исток во Германија да имаат постојано седиште. Во него ќе можат да се сместат околу 40 фирми што всушност ќе бидат мост меѓу Германија и Кина од што ќе профитираат обете, вели Луанг:

„Немаме намера да намалуваме работни места, туку да отвораме нови. Тоа значи дека нашата намера е кинеските фирми што ќе отворат овде репрезентативни бироа, да можат тука да купуваат резервни делови или да инвестираат, а делумно и да извезуваат„.

Со сличен концепт работи и синџирот „Германски центри„ на германските фирми, на пример во Сингапур, Москва или Шангај. Присуството на кинеските фирми во Диселдорф би била предност и за германските. Многу средни претпријатија во моментов размислуваат да воспостават стопански контакти во Кина или таму да отворат претставништва. Некои не успеваат, дали поради јазични пречки, различен ментатлитет или бизнис обичаи. Луанг верува дека Кинезите во Диселдорф ќе им заштедат трошоци на Германците во настапот во Кина. Тој знае дека во неговата земја пред се е потребен таканаречениот „Гуанг – кси„:

„Гуанг – кси е нешто што може да се преведе како врска, но и како витамин „Б„. Кина е земја во развој и таму ништо не е толку совршено како во Европа. Таму се потребни многу лични контакти, личен „Гуанг – кси„, лични врски„.

За вакви врски Диселдорф извесно време посебно интензивно се залага. „Кина оди во Диселдорф„ е името на офанзивата што ја започнаа претставниците на стопанството. Герхард Ешенбаум кој е одговорен за надворешната трговија е убеден дека Веи Луанг го избрал вистинското место:

„Факт е дека Диселдорф и главен град на Северна Рајна Вестфалија и дека има место на меѓународната листа. Исто така, две третини од странските фирми имаат седиште овде што покажува дека овој простор има посебна привлечност за странските фирми„.

Новиот центар инаку, ќе биде граден во традиционален кинески стил, со централна пагода висока 24 метри. Секое парче дрво, секоја цигла и камче специјално ќе бидат донесени од Кина. Луанг притоа не мисли само на естетиката, туку дека ваквата градба ќе привлече и посебно внимание:

„На тој начин ќе заштедиме многу од трошоците за реклами. Ќе има пагода, павилјон, вода, мостови, чајна кујна, кинеско училиште или книжарница, па дури и акупунктура за оние што веруваат во тоа. Ќе градиме така што кинеските бизнисмени што ќе се вселат овде да можат да кажат:„Да, јас сум дома„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми